Молебен за успешна школска година |
10.09.2012. |
На 09. 09. 2012 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот маченик Фануриј (заштитник на учениците) во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата служеа протоереј Ристе Јанушев, настојателот на Согленскиот манастир јеромонахот Авакум и ѓаконите Влатко Стоименов и Јани Мулев. По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква. На молебенот на сите присутни дечиња во храмот им беше дарувана икона со ликот на Мајката Божја и на свети Фануриј, а на која беше испишана и молитвата за учење.
|