Ракополагање на јеромонах |
21.08.2012. | |
По повод големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор , Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на архимандритот Јосиф и јеромонахот Григориј од Скопската епархија и повеќе клирици од Повардарската епархија, отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино. На Светата Литургија, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин јеромонах, досегашниот јероѓакон Авакум од монашката обител при Согленскиот манастир. Митрополитот се обрати со празнично слово кон собраниот верен народ, толкувајќи го Светото Преображение на Господ Христос пред тројцата Негови ученици, потоа следуваше причестувањето на верниците, а на крајот на Литургијата, Митрополитот заедно со свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови. |
< Претходно | Следно > |
---|