Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Светата преподобна маченичка Параскева - Петка
Светата преподобна маченичка Параскева - Петка
7.08.2012.

Sample ImageФОТОГАЛЕРИЈА

На 08. 08. 2012 год., на денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Св. преподобна маченичка Параскева Римјанка (св. Петка), во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци се отслужи Света Архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Кавадарци.

Со празнично слово пред присутните верници се обрати Митрополитот Агатангел, зборувајќи за житието на светата маченичка Параскева. По завршувањето на Литургијата Митрополитот, свештениците и верниот народ се упатија кон новата црква во изградба посветена на Светата маченичка Петка, каде што се изврши осветување и поставување на крстовите на црквата.

На Литургијата и на осветувањето на крстовите присуствуваа и градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Александар Панов, претставници на институциите во градот, како и сопствениците на поголемите фирми во градот Кавадарци (Фени, Кожувчанка, Градба Промет) кои со целиот свој капацитет се насочени кон изградбата на новата црква. Со тоа градот Кавадарци, градоначалникот и општинските институции, неговите жители, фирмите од градот покажуваат како вистински треба да се негува и чува православната вера.

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први за проповедање на забранетата вера Света Параскева ја обвинија зли Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин. Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и ѝ ставија усвитен шлем на главата. Но Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим. Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и истизавана за Господ, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда ги припишуваа на магии, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови. Еднаш на кнезот мачител Света Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Тоа беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка. Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград. Чесно пострада за Христа во 2 век.

 
< Претходно   Следно >