Света Божествена Литургија во Стојаково |
3.08.2012. | |
На 22. 07. 2012 година, во седмата седмица по Педесетницата, во гевгелиското село Стојаково се одбележаа 150 години од изградбата на храмот „Св. маченица Недела“, како дел од одбележувањето на 45-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. По тој повод беше отслужена Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополиот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство од Повардарската епархија на МПЦ. На овој чин присуствуваа голем број верници од Стојаково, Гевгелија, Валандово, Богданци, а меѓе присутните беше и министерката за култура г-ѓа Елизабета Канчевска - Милевска, како и градоначалниците на Гевгелија, Богданци и Валандово.
|
< Претходно | Следно > |
---|