


За православната вера и живот...
Настани во најава
Групна крштевка на Бабуна 2012 година | Групна крштевка на Бабуна 2012 година |
| 19.06.2012. | |
|
На ден 14. 07. 2012 година (сабота) со почеток во 10 часот, Повардарската епархија ќе организира групна крштевка во водите на реката Бабуна во Велес. Чинот на Светата Тајна – Крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. Групната крштевка во водите на реката Бабуна се организира по петти пат во Велес. Крштевката како и досега ќе биде бесплатна, а можат да се пријават само лица постари од 14 години. Пријавувањето ќе се врши секој работен ден во просториите на Повардарската епархија во Велес од 08 -16 часот.
![]()
|
| < Претходно | Следно > |
|---|