Акатист во втората седмица од Великиот Пост |
12.03.2012. | |
На 09. 03. 2012 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи втората статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа протоереј Ристе Јанушев, свештеник Борислав Бобевски и свештеник Јованче Илиевски, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови. Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, како и во останатите храмови на територијата на Повардарската епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|