Ракополагање во Неделата на православието |
5.03.2012. | |
Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св.вмч. Пантелејмон“ во Велес. На почетокот на Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе најпрво во чин чтец и ипоѓакон, а потоа го ракоположи во чин ѓакон богословот и дипломиран теолог Блаже Петров од Кавадарци. По завршувањето на Литургијата беше одржана Духовна Академија, на која свештеникот Борислав Бобевски одржа Беседа за Неделата на православието. Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.
|
< Претходно | Следно > |
---|