Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Распоред на служби за Богојавление
Распоред на служби за Богојавление
17.01.2012.

На 18.01.2012 година во црквата "Успение на Пресвета Богородица" во Велес со почеток во 08, 15 часот ќе се отслужат царски часови и вечерна со Света Василиева Литурија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а потоа ќе се изврши и Голем Богојавленски водосвет.

 

На 19.01.2012 година во храмот  "Свети Спас" во Велес со почеток во 08,15 часот ќе се отслужи  Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој по завршувањето на Литургијата заедно со свештенството и народот со Света Литија ќе се упатат кон Малото мовче на реката Вардар, каде ќе се осветат водите и ќе се фрли Чесниот и Животворен Крст во осветените води.

 
< Претходно   Следно >