Осветување на конаци |
19.09.2011. | ||
![]()
а 18. 09. 2011 година, (недела), кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот пророк Захарија; Светите маченици Јувентин и Максимин и Преподобен Атанасиј, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската православна црква, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство од Повардарската епархија. По завршувањето на Литургијата, Архиепископот заедно со присутните Митрополити и свештенството извршија осветување на реновираните конаци на манастирскиот комплекс, кои беа реновирани со средства на Повардарската епархија и донации од верници. Поради личниот придонес за реновирањето на манастирските конаци , како и поради плодната свештено-пастирска дејност, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и го произведе во чин протоереј свештеникот Воислав Ѓеорѓиев, кој е и старешина на манастирот. Во текот на реновирањето на манастирските конаци, во оваа фаза беа опфатени и целосно завршени 25 двокреветни и трокреветни соби, кои сега нудат одлични услови за посета и престој во манастирскиот комплекс.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|