


| Посета на Лесновскиот манастир |
| 30.05.2011. | |
|
![]()
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во рамките на соработката помеѓу Повардарската епархија и здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа од Велес , на ден 29. 05. 2011 година беше организирана еднодневна екскурзија во Лесновскиот манастир и во манастирот „Св. Спиридон“. Дечињата и нивните родители беа топло примени од монасите од Лесновскиот манастир, како и од монахињите од женскиот манастир „Св. Спиридон“.
![]()
И на оваа екскурзија, како и на неколку претходно, успеавме, според претходно утврдената цел, барем за момент на овие дечиња да им овозможиме да заборават на нивните животни премрежја и секојдневни проблеми и маки со кои се соочуваат. Затоа и упатуваме апел до сите добронамерни христијански души, во духот на христијанските начела за љубов, добрина и милост, да се запознаат со овие дечиња и нивните родители и да се обидат во рамките на нивните можности да им помогнат на овие деца и нивните семејства, бидејќи тие тоа го заслужуваат и знаат вистински да го почитуваат.
![]()
|
| < Претходно | Следно > |
|---|