Патување на велешкиот црковен хор |
12.09.2007. | |
Патување на велешкиот црковен хор „Свети Пантелејмон“ низ црквите и манастирите во западна Македонија (08-09.09.2007 год.)
Со благослов на митрополитот повардарски г. Агатангел, црковниот хор „Св. Пантелејмон“ од Велес, направи редовна посета на духовни светилишта низ Македонија. ![]() ![]() ![]() ![]() Тргнавме кон манастирскиот комплекс на Плаошник, каде што се наоѓа и гробот на свети Климент Охридски, покровителот на нашата света Македонска Православна Црква и се поклонивме пред неговите свети мошти. Ги разгледавме откриените стари базилики и ваптистериуми украсени со раскошни мозаици. Оттаму го посетивме манастирот света Пречиста - Кичевска, каде што нè пречека игуманијата, мајка Агнија. Црквата изобилува со икони и целосно зачувани фрески од Андреја Дамјанов, а едно од највредните нешта во овој свет манастир, за кое ретко кој знае, е кивотот со дел од светите мошти на света Петка. Преку планинскиот превој Стража се спуштивме во Гостивар, и влеговме во преубавиот храм посветен на пресвета Богородица, кој има прекрасна акустика. Потоа го посетивме и реставрираниот манастир свети Атанасиј – Лешок. По ова се вративме во Велес, исполнети со силни впечатоци од нашите цркви и манастири и со благослов од светителите на чиишто свети мошти се поклонивме. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
Известува: Протоереј Зоран Грозданов |
< Претходно | Следно > |
---|