Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна

Sample Image   

Возљубени чеда во Христа Спасителот,

Исполнети со огромна духовна радост од последните торжествени настани во нашата Богомдарувана Повардарска епархија, односно осветувањата на две нови духовни светилишта во градовите Гевгелија и Кавадарци, би сакале да Ве известиме дека сите заедно ќе посведочиме уште на еден таков радосен духовен настан.

На 14 Ноември 2021 година, ќе ја осветиме црквата „Св. Атанасиј Велики“ во центарот на градот Богданци. Оваа црква која првично е изградена во 1880 година, поради спој во електричната инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Ова беше голема духовна загуба и за жителите на градот Богданци, и воопшто сите верници на Македонската православна црква. Но и при оваа неволја за градот Богданци и за неговите жители, како и за Повардарската епархија, не останавме рамнодушни, туку напротив веднаш започнавме со изградба на нов импозантен храм кој одново ќе го краси овој град. Со Божја помош и благослов, успеавме во нашите намери.

Тој ден е 14 ноември. Храмот на светиот Атанасиј, архиепископот Александриски, повторно ќе биде духовен светилник на Богданци. Затоа дојдете, заедно, соборно да се радуваме на неговото осветување.

 Митрополит Повардарски г. Агатангел

 
 


Традиционално Божикно дарување
11.01.2021.

 

Sample Image

 

 Sample Image

Оваа година, поради условите во кои се наоѓаме поради пандемијата, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, не ја организираше традиционалната Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес, но затоа им беа дарувани пакетчиња на сите членови во седиштето на нивната организација. Благословот од Митрополитот Агатангел им го пренесе протоерејот Ристе Јанушев. Во радоста на Рождеството Христово, свештениците Игор Пармачки и Драги Гаштарски со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, го посетија Детското одделение при Општата Болница во Велес и ги даруваа дечињата кои се лекуваат при овој оддел со Божикни пакетчиња и ја продолжија оваа традиционална повеќегодишна соработка.

 

 
Божик во Полошкиот манастир „Св. Георгиј“
11.01.2021.
Sample Image
 
Sample Image На празникот на Рождеството Христово - Божик се отслужи света Божествена Литургија и во Полошкиот манастир на Тиквешкото езеро, посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец. Литургијата ја отслужи свештеник Александар Попов.
 
Рождество Христово - Божик
7.01.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image

На празникот на Рождеството на Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. Верниците кои молитвено присуствуваа на Литургијата, застанаа пред Светиот Путир за да ги примат светите Христови дарови.

 

 
Бадник
6.01.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image На Бадник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Вечерна со Света Василиева Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. По завршувањето на Литургијата  беа осветени Бадниковите гранчиња, а Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња. 

 
Преподобен Наум, Охридски Чудотворец
5.01.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image На празникот на Свети Наум - чудотворец Охридски во параклисот посветен на овој светител во Велес, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Присутните верници молитвено му се поклонија на големиот семакедонски светител, а потоа се причестија со Светите Христови дарови.

Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

 
Православна Светлина бр. 56
4.01.2021.
Sample ImageИзлезе од печат Божикното издание на списанието „Православна Светлина“.

Во новиот број се сместени содржини со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера. Во рамките на овој број се обработени повеќе теми од нашата православна христијанска вера, а со посебен нагласок на празнувањето на Рождеството на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Божик.

Се надеваме дека со ова Божикно издание на „Православна Светлина“, ќе ја зголемиме радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот.

Бесплатниот примерок од списанието можете да го најдете во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија.

 

Електронска (PDF) верзија на списанието.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 77 - 114 од 1207