Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 

 

СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР

 


 


Покров на Пресвета Богородица
15.10.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image На празникот Покров на Пресвета Богородица, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој празник во селото Каратманово.

 

Покров на Пресвета Богородица

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нѐ потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

 

 
Архиепископски црковно-народен собор
9.10.2018.

 

Sample Image

 

Изминатиот викенд, 06 и 07 октомври 2018 година, се одржа Архиепископски црковно-народен собор, во Калишта, Струга и во Охрид.

Соборот започна на 06 октомври, и како што доликува на секое христијанско собрание, истиот започна со Призив на Светиот Дух, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, Струга. По пригодните молитви, почна заседанието на Соборот, најпрво со свечен дел, на кој свое обраќање имаше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Р. Македонија, г. Даријан Сотировски. По свечениот дел, следуваше работниот дел на заседанието, на кој се разгледуваа повеќе прашања од актуелниот живот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Сите прашања, со искрена и корисна дебата, беа решени во еднодушност, а покрај другото, Соборот реши Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија да ја носи титулата Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима. Истиот ден, во вечерните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше одржана Свечена академија, на која свое обраќање имаше Архиепископот г.г. Стефан, а храмот се исполни со прекрасните звуци на хорот при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ Скопје, како и од братството на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“. На Академијата беше прикажано и видео за Вториот црковно-народен собор.

Sample Image Овогодинешниот Јубилеен собор заврши на 07 октомври, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, каде што се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф и епископот Климент, како и многубројни свештенослужители од сите епархии на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати со пригодна беседа кон неизбројниот верен народ, кој дојде од сите страни за да го прослави овој свечен и јубилеен ден.

Повеќе информации и фото материјал на веб-сајтот на Дебарско-кичевската епархија.

 
Осветување на црква во село Рибарци
2.10.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image

На 30. 09. 2018 година, на денот кога светата православна Црква го чествува споменот на св. маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на епархијата, изврши осветување на црквата „Св. Ѓорѓи“ во кавадаречкото село Рибарци. По чинот на осветување Митрополитот Агатангел ја отслужи и првата Божествена Литургија во новоизградениот храм. По чинот на осветувањето на храмот, Митрополитот Агатангел и додели Орден за црковни заслуги на Повардарската епархија, на г-ѓа Голубка Нечевска Цветановска, која беше ктитор на овој новоизграден храм.

 

 
Воздвижение на Чесниот Крст - Крстовден
27.09.2018.

 

Sample Image

 

Крстот нè повикува да се поклониме на распнатиот Христос. Крстот е знамето на православието, крстот е знамето на христијаните, крстот е спасението на човештвото, крстот го победува сатаната, крстот  нè искачува во царството небесно.

Sample Image На празникот на пронаоѓањето на чесниот Крст, Митрополитот Повардарски отслужи Света Литургија во храмот на светото Вознесение Христово во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе клирици на Повардарската епархија, а пред чесниот Крст се поклонија голем број верници.

Sample ImageНа овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

 

 
Осветување на крст
27.09.2018.

 

Sample Image

 

На 26. 09. 2018 година, со благослов на надлежниот митрополит Повардарски г. Агатангел, во село Стојаково, гевгелиско намесништво, се изврши осветување на куполниот крст на манастирот посветен на свети Трифун, кој се уште е во изградба.

 
Sample Image
 
Молебен за Татковината
24.09.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image Sample Image На 23. 09. 2018 година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, се отслужи света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Литургијата сослужуваа голем број на свештенослужители од сите намесништва на Повардарската епархија. По завршувањето на Литургијата беше отслужен Молебен за Татковината, со кој Митрополитот Агатангел, заедно со присутните свештенослужители и мнгобројниот народ, кој пристигна од сите македонски градови, принесоа молитви кон Господ Исус Христос и Мајката Божја, која е заштитничка на целиот македонски род, за опстој на нашето свето и вековно име Македонија и благосостојба на нашиот македонски народ.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 457 - 494 од 1317