Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Донирани 500 маски на Болницата во Велес
24.03.2020.

 

Sample Image

 

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски г. Агатангел, хуманитарната дејност при Македонската православна црква „Св. Спас“ од Драчево, која ја води отец Оливер Петровски, денес донираше 500 маски за повеќекратна употреба за Болницата во Велес. Оваа акција ја помогнаа и верници од Скопје, со свои донации. 
 
Крстопоклона недела
23.03.2020.

 

Sample Image

 

На 23. 03. 2020 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, се отслужи света Литургија во сите архиерејски намесништва во Повардарската епархија. Свештениците, на оваа Литургија, го изнесуваат светиот Крст од олтарот и го поставуваат во средината на храмот - извршувајќи поклонување пред чесниот и животворен Крст. Потоа и сите присутни верници пристапуваат кон поклонување и целивање на светиот Крст.

Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.

 
Трета статија од Богородичниот Акатист
23.03.2020.

 

Sample Image

 

Во третата седмица од Великиот Пост, на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“  беше отслужена третата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.

 
Втора статија од Богородичниот Акатист
16.03.2020.

 

Sample Image

 

На 13. 03. 2020 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи втората статија од Богородичниот Акатист. На крајот на вечерните богослужби беа благословени и прекршени празничните лебови.

 

Sample Image

 

 
Светиот маченик Агатангел Битолски
11.03.2020.

 

Sample Image

 

 Sample Image На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, се отслужи Литургија на претходно осветени дарови во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоереј Тане Величковски, свештеник Димче Ставревски, свештеник Игор Пармачки, протоѓакон Влатко Стоименов и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски.

Со празнично слово и именденска честитка кон Митрополитот Агатангел, од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе свештеник Игор Пармачки, кој му посака на Митрополитот како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме.

По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта.

На многаја лета, владико свет!  

 
Недела на православието
9.03.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image Во Неделата на Православието, се отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата служеа протоереј-ставрофор Горан Панзов, свештеник Јани Мулев, протоѓакон Влатко Стоименов и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски.

По Литургијата беше извршен молебен кој традиционално се извршува во Неделата на православието.

Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 419 - 456 од 1458