Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Свети апостол Јаков, брат Господов
5.11.2020.

 

Sample Image

 

Sample ImageНа 05. 11. 2020 година, кога светата православна Црква го чествува споменот на светиот апостол Јаков, брат Господов, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, за прв пат се отслужи света Божествена Литургија според Јаков, Литургија која се служи двапати во годината. На Литургијата чиноначaлствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од градот Велес.

 Св. апостол Јаков, брат Господов

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од почетокот Му беше приврзан. Според преданието тој и во Мисир одеше со Пресветата Дева и со Јосиф кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја чу Христовата наука Јаков почна да живее според неа. За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода. И бил девственик до крајот на животот. Многу бдеел ноќе и Му се молел на Бога. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли. По воскресението Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Св. апостол Павле (1 Кор. 15). Бил епископ во Ерусалим триесет години и ревносно управувал со Божјата Црква. По указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа ја скратуваа Св. Василиј Велики и Св. Јован Златоуст. Многумина Евреи и Елини Св. Јаков ги обрати во верата Христова. И самите неверни Евреи ѝ се восхитуваа на неговата праведност и го нарекуваа Јаков Праведниот. Но кога дојде за првосвештеник Анан, тој со другите еврејски старешини намисли да го убие апостолот Јаков, како проповедник Христов. Еднаш на празникот Пасха, кога многу народ се беше собрал во Ерусалим, му рекоа старешините да се качи на покривот од храмот и оттаму да говори против Христа. Свети Јаков се качи и почна да му зборува на народот за Христа како за Син Божји и вистински Месија, за Неговото воскресение и за Неговата вечна слава на небесата. Разјарени свештениците и старешините го турнаа од покривот и тој падна и се повреди многу, но с ѐ уште беше жив. Тогаш притрча еден човек и го удри по главата толку силно, што му го истури мозокот. И така сврши со маченичка смрт овој преславен Христов апостол и се пресели во царството на својот Господ. Јаков имаше шеесет и три години кога пострада за Христа.

 
Свeти апостол Лука во Виница
3.11.2020.

 

Sample Image

 

На 31.10.2020 година, кога го чествуваме споменот на светиот апостол и Евангелист Лука, во храмот посветен на овој апостол во Виница, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел и со богомдаруваниот ни Митрополит Брегалнички г. Иларион, како и со повеќе јеромонаси и свештеници отслужи света Архиерејска Литургија. На самата Литургија Неговото Блаженство одржа пригодна празнична беседа, а Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички го благослови празничниот леб. По завршувањето на Боженствената Литургија беше осветен камен-темелникот на храмот посветен на „Св. Кирил и Методиј“ во Блатец.

 

Sample Image

 

 
Молебен канон и читање на Богородичен Акатист
2.11.2020.

 

Sample Image

 

Sample ImageНа 01. 11. 2020 година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, се отслужи света Божествена Литургија, по која беше отслужен и Молебен канон на Пресвета Богородица со читање на Богородичниот Акатист пред чудотворната икона на Мајката Божја од Согленскиот манастир, Богородица Согленска, која беше донесена за оваа прилика во Велес, а која ќе биде изложена следнава недела во оваа црква.

 

 
Преподобната маченичка Параскева-Петка
27.10.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image

На празникот на преподобната маченичка Параскева-Петка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Велес.

Преподобна Параскева (Петка)  27/10/2020

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

 
Соопштение
26.10.2020.

Sample ImageПочитувани верни чеда на Македонската православна црква,

Пандемијата од вирусот КОВИД-19 зема се поголем замав и се поголем број наши браќа и сестри Македонци се веќе носители на овој вирус, а голем дел не успеаа да се изборат со него.

Препораките во ова зло време ги знаеме добро и мораме да се придржуваме сите кон нив, но нашата најголема заштита е молитвата кон Севишниот Бог Исус Христос, Неговата Пресвета мајка Богородица и целата Небесна ерархија и тоа е нешто кое, ние, свештенството, мораме непрестајно и неуморно да го правиме.  

Затоа на 01. 11. 2020 година (Недела) со почеток во 08.15 часот ќе отслужиме Света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес на која ќе ја донесеме чудотворната икона на Царицата Небесна, Богородица – Согленска од манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Согле, за која се врзуваат голем број чудеса и ќе направиме Литија околу црквата, која ќе ја предводи Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а потоа пред неа, сите заедно ќе се помолиме на докторот над докторите, нашиот Спасител и Бог, Господ Исус Христос да го заштити целиот Македонски род и целиот свет во овие тешки мигови.

 
19-та Недела по Педесетница
19.10.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image На 18. 10. 2020 година, во деветнаесеттата недела по Педесетницата, во црквата „Св. Козма и Дамјан“ во Велес, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од градот Велес.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 381 - 418 од 1488