Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Рождество Христово - Божик
8.01.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на Рождеството на Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство на Повардарската епархија отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. Верниците кои молитвено присуствуваа на Литургијата, застанаа пред Светиот Путир за да ги примат светите Христови дарови.

 

 
Бадник
8.01.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На Бадник, свештеници од градот Велес отслужија Света  Златоустова Литургија  во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња, а беа поделени и Бадниковите гранчиња. По ова, беше формирана традиционалната Бадникова Литија, на која дечињата громогласно и радосно го најавија Христовото раѓање и пренесоа топла празнична порака, пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот Велес.

Бадниковата поворка тргна од храмот „Св. Кирил и Методиј“ до Општина Велес, каде децата беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот г-дин Марко Колев.

 

 
Свети Наум, Охридски чудотворец
5.01.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на Свети Наум, Охридскиот чудотворец, во параклисот „Св. Гаврил Велички“ при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, се отслужија Царски часови со Света Златоустова Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од градот Велес.

 

 

 
„Православна светлина“ бр. 68
2.01.2024.

 

Sample Image

 

Излезе од печат Божикното издание на списанието „Православна Светлина“.

Во новиот број се сместени содржини со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера. Во рамките на овој број се обработени повеќе теми од нашата православна христијанска вера, а со посебен нагласок на празнувањето на Рождеството на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Божик.

Се надеваме дека и ова Божикно издание на „Православна Светлина“, ќе ја зголеми радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот.

Бесплатниот примерок од списанието можете да го најдете во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија. 

 

 
Сеноќно бдение
2.01.2024.

Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image

Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image

На 31 декември ноќта со почеток од 23.30 часот се отслужи сеноќно бдение во Велес, во храмот на светите сесловенски и македонски просветители Кирил и Методиј. На бдението чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а молитвено присуствуваа голем број верници од сите градови на Повардарската епархија.

 

 
Недела на светите праотци
25.12.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 24. 12. 2023 година, во Неделата на светите праотци, во манастирот посветен на светото Вознесение Христово во Гевгелија, се отслужи света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 305 - 342 од 1774