|
|
26.04.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Во петок од шестата седмица од Великиот Пост, во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија. По Литургијата, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пензионираниот свештеник, протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, изврши Света тајна Исповед на свештенството од велешкото намесништво од Повардарската епархија. Протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, изврши Света тајна Исповед на свештенството и од кавадаречкото намесништво од Повардарската епархија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. |
|
|
22.04.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Во петтата недела од Великиот пост, посветена на света Марија Египетска, во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Неготино, се отслужи света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија. |
|
|
19.04.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На 19. 04. 2024 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес беше отслужено мало Повечерие со целиот Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужбата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а служеа повеќе свештенослужители од градот Велес. На оваа вечерна богослужба, се чита целиот Акатист кон Пресвета Богородица, кој пак, за време на Великиот Пост се служи во петоците од петте седмици од Великиот пост. По завршувањето на малото Повечерие беа осветени петолебија, кои верниците ги земаат за здравје и благосостојба. |
|
|
19.04.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Во петок од петтата седмица од Великиот Пост, во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Неготино, беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија.
|
|
|
15.04.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Во четвртата седмица од Великиот пост, посветена на свети Јован Лествичник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештество од градот Велес, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.
|
|
|
12.04.2024. |
|
Во петок од четвртата седмица од Великиот Пост, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од градот Велес. |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 267 - 304 од 1774 |