Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Света Педесетница - Духовден
5.06.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Светата Педесетница - роденденот на светата Црква - денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, секоја година свечено се прославува во сите православни храмови во светот.

Света Божествена Литургија се служеше и низ сите храмови во Повардарската епархија, а централното чествување на првиот ден од Педесетницата се одржа во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија.

По причестувањето, Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.

 

 
Свети Гаврил, епископ Велички
29.05.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога нашата света Македонска црква го чествува споменот на светиот епископ Велички, Гаврил, се отслужи Света Божествена Литургија во параклисот посветен на овој наш духовен горостас во градот Велес. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од Велес.

 

 
Вознесение Христово
26.05.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на Светото Вознесение Христово, во храмот посветен на Вознесението во Гевгелија беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство на епархијата. Традиционално, молитвено присуствуваа голем број верници од градот Гевгелија. На оваа Литургија, Митрополитот Агатангел по одлука на Синодот на МПЦ-ОА, го произведе протоерејот Љупче Миланов, во чин ставрофор со право на носење на граден крст. 

По завршувањето на Литургијата беше осветена вода и беа осветени и прекршени празничните колачи.

 

 
Свети Кирил и Методиј
24.05.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во чест на споменот на светите рамноапостолни просветители, македонските браќа Кирил и Методиј, на 24.05.2023 година се отслужи света Божествена Литургија, во сослужение на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а во молитвено присуство на голем број велешани.

 

 
Свети Јоаким Крчовски
24.05.2023.

 

Sample Image

 

На 23.05.2023 год., кога црквата го слави споменот на преподобниот Јоаким Крчовски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот г. Јосиф, служеше Света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: Кумановско-осоговска епархија

 

 
Осветување на камен-темелник за нова црква
22.05.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 20.05.2023 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители на нашата света македонска црква, изврши осветување на камен темелник за изградба на нова црква во велешкото село Караслари. Црквата ќе биде посветена на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 191 - 228 од 1599