Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Свети апостол Јаков, брат Господов
6.11.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 05. 11. 2023 година, кога светата православна Црква го чествува споменот на светиот апостол Јаков, брат Господов, во црквата „Св. Климент Охридски“ во Општина Чашка, се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначaлствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од градот Велес.

 

 
21 седмица по Педесетница
31.10.2023.
Sample Image
 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 21 седмица по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. На Литургијата сослужуваа архиерејските намесници на сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија, како и повеќе свештеници од градот Велес. На оваа Литургија се одбележа една година од осветувањето на овој храм. На Литургијата молитвено присуствуваа многина верни, меѓу кои и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, како и претставници на повеќе градски институции.


 
Преподобна Параскева-Петка
27.10.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на преподобната маченичка Параскева-Петка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештеници, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Велес.

 

 
Колумна на Митрополитот Агатангел
24.10.2023.

Колумната е објавена на 21.10.2023 година во дневниот весник „Нова Македонија“

 

Старословенскиот збор „држава“, всушност означува сила, односно моќ. Затоа, секоја држава која останува верна на ова начело, никако не смее да покаже симптоми на хаотичност и дезорганизираност, без разлика на тоа колку таа е мала или ранлива. Доколку почнат да бидат видливи некакви знаци на слабост, тогаш државата треба преку своите институции и механизми ефикасно да се справи со наездата, не дозволувајќи ѝ на болеста да го зафати целото ткиво. Има во овој свет и помали држави од нашата преубава Македонија, но разликата меѓу нас и нив е во тоа што во нивните средини владее цврста и хармонична симбиоза помеѓу народот и државното раководство. Тие не се туѓи еден на друг, и иако можеби не победуваат на фудбалските натпревари, сепак тоа не прави тие да бидат помалку важни или понижени. Немајќи ваква цврста основа, ниту некаков одржлив и нормален поредок, македонскиот организам е распукан по сите сврзни ткива, почнувајќи од темето на главата, па сè до ноктите на нозете. Не постои болест која го нема нападнато телото на државата, а во последните неколку години, и самите почнавме да си правиме огромни крастави рани и на душата.

Повеќе...
 
Света Божествена Литургија во Росоман
24.10.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во дваесетатта седмица по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на клирици на Повардарската епархија на МПЦ-ОА, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Троица“ во Општина Росоман.

 

 

 
Покров на Пресвета Богородица
16.10.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот Покров на Пресвета Богородица, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

Покров на Пресвета Богородица

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нѐ потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.


 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 153 - 190 од 1599