Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Недела на Свети Григориј Палама
17.03.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image Во втората недела од Великиот Пост, посветена на Свети Григориј Палама, беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија. Со Литургијата чиноначаслствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители.

Во својата проповед, Митрополитот Агатангел го истакна значењето на Светиот Григориј Палама за православната црква, а повторно го истакна и значењето на молитвата, покајанието и исповедта за време на Великиот пост и ги повика верниците почесто и вистински да ги практикуваат овие Свети тајни. 

 

 
Трибина во организација на Повардарската епархија
15.03.2014.

 

Sample Image

 

На 14. 03. 2014 година, во организација на Повардарската епархија на МПЦ, а во содејство со граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ се одржа трибина на тема „Одбрана на името“. Трибината се одржа во салата „Бели мугри“ во Велес.

Трибината ја отвори Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на неа учество земаа г-дин Александар Русјаков на тема - Целите на Македонскиот Манифест, г-дин Ефтим Клетников на тема - Македонија и Македонците во Библијата, потоа г-дин Стефан Влахов Мицов на тема - Континуитетот на Македонците и идентитетот од антиката до денес и г-дин Ристо Никовски на тема - Меѓународниот фактор и името.

Инаку, преку граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ голем број на јавни македонски личности бараат прекин на преговорите за името, прием на Македонија во ОН под уставно име и за името на државата да не се решава на референдум. Оваа граѓанска иницијатива ја поддржа и нашиот Митрополит г. Агатангел.

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Светиот маченик Агатангел Битолски
12.03.2014.

 

Sample Image

 

 

Запис врежан врз светиот кивот со моштите на новомаченикот:

„Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто маченички пострада во 1727 година од следнава причина:
Кога сите Агарјани, имајќи си зол обичај, во трите дена на бајрам го потурчуваа секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, при тоа сочинувајќи и ферман, и со Божјо содејство - попуштија. Оние, пак, не поднесувајќи го ова, го убија, а главата негова беше воскрасена во дните на кир Григориј Пелагонијски, а од ереите беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј, 1827, февруари 25“.
Синаксар на празникот на „Св. Агатангел Битолски“

 

Sample Image Sample Image На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Литургија на претходно осветени дарови во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес во сослужение на сите свештенослужители од градот Велес.

Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе протоереј Ристе Јанушев, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме.

По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта.

На многаја лета, Владико свет.

 
Недела на православието
10.03.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image    Sample Image

 

Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св.вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа свештеници од градот Велес. На Литургијата со празнично слово за Неделата на православието кон насобраните верници се произнесе свештеникот Горан Панзов.

Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.

 

 

 
Тодорова сабота
10.03.2014.

Sample Image

Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“, како и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

Светата Литургија на Тодорова сабота, како  и секоја година, ја одбележаат големиот број верници кои доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година  во храмовите во градот Велес, пристапија речиси сите присутни верници кон светиот Путир, за да ги примат светите Тајни.

 

 
Прва статија од Богородичниот Акатист
7.03.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image Во првиот петок од Великиот Пост на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Св. Спас“ и „Св. вмч. Пантелејмон“.

 

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>

Резултати 1483 - 1520 од 1792