Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Водокрст
16.01.2014.

 

Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

Ден пред големиот христијански празник Богојавление - Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година осветувањето на водите се изврши во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Златоустова Литургија, а потоа во сослужение на присутните свештеници ја освети водата за здравје и спасение на верниците.

 

 
Преподобен Серафим Саровски
16.01.2014.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски се отслужи Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на отец Борислав Бобевски, отец Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го потсрижа во чин чтец Владо Стумбов од Велес.

 
Обрезание на Господ Исус Христос
16.01.2014.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image  Sample Image
 
На денот кога Светата православна црква го чествува Обрезанието Христово и споменот на Св. Василиј Велики, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде во сослужение на повеќе свешетенослужители и во присуство на многумина верни ја благослови Новата година.

 

Обрезание на Господ Исус Христос

Sample ImageВо осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковното богослужење овој Господов празник нема ниту претпразненство ниту попразненство).

 

Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски

Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква - Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ наш Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

 
Настап на хорот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
10.01.2014.

 

Sample Image

 

На празникот на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм на македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа традиционалниот Божикен концерт „Божик-Слава“ во организација на хорот „Света Злата мегленска“ од Скопје. На овој концерт годинава како гостин настапи еден од црковните хорови на Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј“ од Велес.

 
Божикна забава
10.01.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и оваа година во рамките на соработката на Повардарската епархија и здружението на деца заболени од церебрална парализа од Велес, Повардарската епархија организираше Божикна забава за овие дечиња. На ова дружење присуствуваше Митрополитот Агатангел кој го благослови овој собир, а присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев кој ја поздрави оваа благородна активност. На оваа средба настапи црковниот хор при Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј“. На забавата сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат добија пакетчиња од Повардарската епархија. Оваа средба беше шеста по ред, а е со тенденција да продолжи и во иднина.

 

 
Рождество Христово - Божик
10.01.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image На празникот на Рождеството на Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на епархијата „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес.

Sample Image На вториот ден од празнувањето на Рождеството Христово, кога уште се чествува и Соборот на Пресвета Богородица, Митрополитот Агатангел чиноначалствуваше со Божествената Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи јероѓаконот Паисиј во чин јеромонах. На трет ден Божик, кога уште се чествува и споменот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, Митрополитот Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Атанасиј“ во Негорци.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>

Резултати 1293 - 1330 од 1577