Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна
Sample Image

Возљубени,

Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник).

Сите останати услови остануваат непроменети.

 


Архиерејска Литургија, Велес
14.10.2015.

 

Sample Image

 

На 11. 10. 2015 година (недела), Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештеници од Велес, отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес.

 
Едиција „Библиски настани“ бр. 11
7.10.2015.

Sample ImageИзлезе од печат единаесетиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов Семоќниот Спасител , во кој е обработен третиот дел од трилогијата посветена на Господ Исус Христос.


Илустрираната едиција „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои ќе се печатат во тираж од 10.000 броја, а излегуваат од печат во определен временски интервал. Вакво илустрирано библиско издание се печати за првпат во историјата на издаваштво на Македонската Православна Црква, а досега не се испечатени слични изданија ниту во останатите православни цркви на Балканот.

Предговор на стрипот „Семоќниот Спасител“

Во последниот дел од трилогијата за Господ Исус Христос се опфатени повеќе настани од последните денови пред Неговото спасително страдање и воскресение, како и настаните потоа. Раскажувањето започнува со Неговото славно влегување во Ерусалим, настан кој го славиме до ден денес (Цветници), па истерувањето на трговците од храмот, заговорот против Него и искушувањето од страна на првосвештениците, садукеите и фарисеите, параболата за лозарот и лошите лозари, Пасхалната вечера на која е основана Божествената Литургија, предавството од Јуда, молитвата во Елеонската гора, фаќањето на Христос, одрекувањето на Петар, распнувањето, погребението и воскресението на Господ, кое го посведочија жените мироносици. На крајот завршува со јавувањето на Христос на Лука и Клеопа во Емаус, јавувањето на апостолите и славното вознесение на небесата.

За секоја тема може да се зборува опширно, но овде на кратко ќе се потрудиме да го објасниме значењето на овој стрип. Христос го нарекуваме Спасител, затоа што го изврши спасението на светот, ја победи смртта, ја укина власта на гревот и ѓаволот врз нас. Наша обврска е да го прифатиме повикот Божји и да соработуваме со Неговата благодат. Спасението е жив и траен процес, целиот живот го поминуваме борејќи се за своето спасение. Се бориме со своите гревови, со своите страсти, со своите грешни желби, постиме, се воздржуваме од секое зло, се молиме постојано, како што нѐ научија апостолите и нивните наследници, се каеме за своите гревови, со надеж дека нема да ги повториме и ја примаме благодатта Божја, на Божествената Литургија, која ни доаѓа како лек, да ги исцели духовните рани кои ни ги направил гревот. Сами не можеме да направиме ништо, ако не бараме во молитва помош од Господ, и ако не соработуваме со Неговата благодат, тогаш попусто ќе ни бидат сите наши обиди да се поправиме, да се излечиме духовно.

Спасението е процес во кој стануваме сѐ повеќе слични на Христа, или, кажано на црковен јазик, стануваме подобни на Христа, преподобни. Нашата вера е дар од Бог, кој не зависи од ништо, но овој континуиран процес на спасение бара од нас да соработуваме со Божјата благодат, за да бидеме преобразени од Светиот Дух, и да станеме свети луѓе. Ако сакаме да живееме вечен живот со Бога и во Бога, тогаш мора да бидеме преобразени, и да станеме слични на Него, според благодатта.

Самото постоење на Црквата е токму поради тоа – за да се спаси секој човек, кој се родил на светов, да биде преобразен во светост, да биде соединет со Христос, преку Светите тајни на Црквата. Христос прими човечка природа и стана Богочовек од љубов кон секоја личност, кон секој човек, и ни даде можност да општиме со Него, да градиме заедница со Него, а од таа заедница произлегува и обожението на човекот. Тоа не е само враќање на човечката природа во состојбата пред гревопадот на првите луѓе, туку тоа е чекор понатаму, односно, во состојбата на преобразената и воскреснатата природа на човекот.

Ништо од ова не може да се оствари без нашето лично присуство и учество во Божествената Литургија, на која, со претходна подготовка, Го примаме Христос, градиме заедница со Него, но и со нашите ближни, кои исто така се причестуваат со Телото и Крвта Христови. Примајќи Го Христос, стануваме Негови соучесници во патот на страдањата, во носењето на Крстот, во распетието, во маките и болките, па дури на крајот и во радоста на воскресението. И оние кои живеат без Христос, далеку од Бога или против Бога, имаат страдања и маки, но за разлика, од нас, тие немаат од никого поткрепа, а нивните страдања и маки немаат никаква цел и никаква смисла, додека, пак, за нас, тие се само пат, преку кој треба да поминеме, за да стигнеме до радоста на воскресението. Да ни даде Бог сила и ревност и трпение да го градиме нашето спасение, а спасувајќи се себеси, ќе спасиме илјадници околу нас. Амин!

Митрополит Повардарски г. Агатангел

 
Православна светлина бр. 35
7.10.2015.

 Sample ImageИзлезе од печат 35от број на списанието „Православна Светлина“. Во овој број се сместени повеќе наслови од нашата православна вера и живот. Се надеваме дека и овој број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.

Sample Image
 
Ново издание од Повардарската епархија
7.10.2015.

Sample ImageСо благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Историско-духовниот континуитет на Македонската православна црква во традициите на Охридската архиепископија“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, м-р. Александар Атанасов. 

Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

 

 Sample Image

 
Семакедонски црковно-народен собор
5.10.2015.

 

Sample Image
 
Sample Image

 

На празникот на Соборот на сите македонски Светители, во Соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија, „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово се одржа Семакедонски црковно-народен собор. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Литургија во сослужение со  Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, и повеќе свештенослужители од нивните епархии. Традиционално, на Литургија присуствуваа верници од цела Македонија и дијаспората.

 
Воздвижение на Чесниот Крст
5.10.2015.

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image

 

Крстот нè повикува да се поклониме на распнатиот Христос. Крстот е знамето на православието, крстот е знамето на христијаните, крстот е спасението на човештвото, крстот го победува сатаната, крстот  нè искачува во царството небесно.

На празникот на пронаоѓањето на чесниот Крст, Митрополитот Повардарски отслужи Света Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе клирици на Повардарската епархија, а пред чесниот Крст се поклонија голем број верници.

 Sample ImageНа овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>

Резултати 1255 - 1292 од 1761