|
|
4.04.2016. |
|
На 03. 04. 2016 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од Повардарската епархија отслужи Света Архиерејска Литургија. Литургијата беше отслужена во манастирот „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија.
Митрополитот Агатангел и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот на секој верник му даруваше китка босилек. Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение. |
|
|
4.04.2016. |
|
Во петок од Третата седмица од Великиот Пост, во манастирот „Свето Вознесние Христово“ беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од гевгелиското архиерејско намесништво. |
|
|
28.03.2016. |
|
Во втората недела од Великиот Пост, посветена на Свети Григориј Палама, беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. Со Литургијата чиноначаслствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители. Во својата проповед, Митрополитот Агатангел го истакна значењето на Светиот Григориј Палама за православната црква, а повторно го истакна и значењето на молитвата, покајанието и исповедта за време на Великиот пост и ги повика верниците почесто и вистински да ги практикуваат овие Свети тајни. |
|
|
28.03.2016. |
|
На 25. 03. 2016 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи втората статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа протоереј ставрофор Славе Јованов, протоереј Ристе Јанушев и свештеник Борислав Бобевски, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови. Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, како и во останатите храмови на територијата на Повардарската епархија. |
|
|
21.03.2016. |
|
Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св.вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа сите архиерејски намесници и свештенослужители од градот Велес. На Литургијата со празнично слово за Неделата на православието кон насобраните верници се произнесе свештеникот Игор Пармачки. По Литургијата беше извршен молебен кој традиционално се извршува во Неделата на православието. Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси. |
|
|
21.03.2016. |
|
Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“, како и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Светата Литургија на Тодорова сабота, како и секоја година, ја одбележаат големиот број верници кои доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година во храмовите во градот Велес, пристапија речиси сите присутни верници кон светиот Путир, за да ги примат светите Тајни. |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1217 - 1254 од 1780 |