Запис врежан врз светиот кивот со моштите на новомаченикот: „Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто маченички пострада во 1727 година од следнава причина: Кога сите Агарјани, имајќи си зол обичај, во трите дена на бајрам го потурчуваа секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, при тоа сочинувајќи и ферман, и со Божјо содејство - попуштија. Оние, пак, не поднесувајќи го ова, го убија, а главата негова беше воскрасена во дните на кир Григориј Пелагонијски, а од ереите беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј, 1827, февруари 25“. Синаксар на празникот на „Св. Агатангел Битолски“ На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Литургија на претходно осветени дарови во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес во сослужение на сите намесници од Повардарската епархија. Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе свештеник Драги Гаштарски, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме. По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта. На многаја лета, Владико свет. |