14.02.2024. |
ФОТОГАЛЕРИЈА На 14.02.2024 година, на денот кога го празнуваме Претпразненството на Сретение, како и споменот на светиот маченик Трифун, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и лозјето. Светиот маченик Трифун Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година. |
|
12.02.2024. |
На 11.02.2024 година, во 36 Недела по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство од гевгелиското архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот на Светото Вознесение Христово во градот Гевгелија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе во чин ипоѓакон, досегашниот чтец Ѓорѓи Петров од село Негорци.
|
|
12.02.2024. |
Возљубени, би сакале да Ве исвестиме дека започна да функционира нов црковно-информативен портал во рамките на нашата Македонска православна црква - Охридска архиепископија. На оваа нова платформа, „Литургија.мк“, ќе можете да се запознаете со најнови вести од МПЦ – ОА и од целиот православен свет, разни соопштенија поврзани со нашата Црква, како и современи текстови, ставови и поуки за православната вера. Сајтот може да го посетите на следниов линк. |
|
31.01.2024. |
ФОТОГАЛЕРИЈА На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, се отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а сослужуваа свештенослужители од кавадаречкото намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови, а потоа беа прекршени и празничните колачи. |
|
29.01.2024. |
ФОТОГАЛЕРИЈА На 28.01.2024 година, во 34-та Недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го чествува споменот на преподобниот Гаврил Лесновски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство Кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци. |
|
22.01.2024. |
На 21.01.2024 година, во Соборниот храм „Свети вмч. Димитриј“ во Битола, на Светата Архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите на Светиот Синод на нашата Света Македонска Православна Црква-Охридска архиепископија, беше извршена Хиротонија на Сепреподобниот архимандрит Никола во епископски чин. Повеќе за овој настан на сајтот на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА |
|
|