Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Чествување на патронот во Македонската богословија
7.12.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Прославата на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот чудотворец Климент Охридски, секоја година најпрво започнува со празнични активности во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево.

Чествувањето започна со свечена Вечерна богослужба во капелата на Македонската богословија, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Стобиски г. Јаков, а присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, како и поранешниот Митрополит Јосиф. На вечерната богослужба сослужуваа свештениците, професори во Богословијата, а молитвено присуствуваа сите ученици богослови. Празничниот леб го благослови и прекрши митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

По завршувањето на Вечерната богослужба, беа доделени наградите на богословите со најдобри дела од конкурсите за проза и поезија. На крајот до сите присутни со празнично слово се обрати и ректорот на богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 
Воведение на Пресвета Богородица
4.12.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На оваа Литургија, Митрополитот Агатангел благослови и го потстрижа во чин чтец Александар Мулев од Велес.

Воведение на Пресвета Богородица

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи. Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите Ја кренаа Дева на првото скалило, а Таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, кај што Ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на Св. Јован Предвесник. Кога првосвештеникот Ја зеде за рака, Ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архиерејот. Св. Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „надвор од себеси и обземен од Бога“ кога Ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот. Таа пребиваше во храмот цели девет години. Родителите Ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се престават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Св. Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за под вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот. Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и Нејзе потоа Ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички.

 

 

 
Света Божествена Литургија
1.12.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 01. 12. 2023, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи Света Божествена Литургија во параклисот „Св. Гаврил Велички“ во Велес.

 

 
Видео материјал од 25 годишнина
1.12.2023.

 

Sample Image

 

Видео материјал од Светата Божествена Литургија на која Митрополитот Повардарски г. Агатангел одбележа 25 години од својата хиротонија во Епископ на Македонската православна црква — Охридска архиепископија.

Линк.

 

 
Ново издание на „Св. Ѓорѓи Полошки“
28.11.2023.

 

Sample Image

 

Возљубени,

со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ го збогати својот книжевен фонд со издавањето на уште едно прекрасно четиво. Станува збор за книгата „Свети Герасим Кефалониски, изгонител на демоните“, која го содржи житието, чудесата и Акатистот на овој кефалониски светител.

Книгата од романски јазик ја преведе протоереј д-р Оливер Ивановски, а ќе можете да ја нарачате во издаваштвото на Повардарската епархија на тел 043/221-231, на фб страната или преку е-пошта на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , а ќе се продава по цена од 200 денари.

Во прилог можете да го прочитате предговорот на оваа книга.

Предговор на книгата „Свети Герасим Кефалониски“

Островот Кефалонија се наоѓа во Јонското море, на западната страна од Грција, и освен како место за одмори, познат е по чудото со богородичните змии, кои доаѓаат за празникот Успение на Пресвета Богородица, имаат крстови на челото и никого не каснуваат. Втор препознатлив белег за островот е светиот Герасим Кефалониски, наречен нов подвижник, за да се разликува од светиот Герасим Јордански. Кефалонискиот светител и закрилник на островот познат е насекаде по неговата сила да истерува демони, како додека бил жив, така и по неговото преселување во небесното царство, каде што продолжува уште поусрдно да се моли и застапува за сите кои со вера и побожност му се обраќаат и го почитуваат.

Повеќе...
 
Митрополит Агатангел - 25 години архипастирска мисија
27.11.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 25 Седмица по Педесетница, на денот кога Светата православна црква го чествува свети Јован Златоуст, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а сослужуваа голем број свештеници од Повардарската епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. На оваа литургија беше одбележан значаен јубилеј на Митрополитот Агатангел, односно се одбележаа 25 години од неговата хиротонија во Епископ на Македонската православна црква. Литургијата молитвено ја проследија многумина верни од престолниот град на Повардарската епархија Велес, а присуствуваа верници и од речиси сите градови на Епархијата. Меѓу присутните беа и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, пратеникот Игор Здравковски, поранешниот пратеник Марјанчо Николов, како и претставници на институции од градот Велес.

Во името на свештенството и верниот народ од Повардарската епархија, со пригодно слово кон Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се обрати протоереј Ристе Јанушев, кој во своето обраќање ги сублимираше сите значајни моменти од оваа плодна 25 годишна архипастирска мисија на Митрополитот Агатангел.

 

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1459