|
9.12.2025. |
|
Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Воислав Ѓеорѓиев во сослужение на протоереј Борислав Бобевски и протоѓакон Влатко Стоименов. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба и молитвено се поклонија пред Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда. На самиот ден на празникот во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј Борислав Бобевски во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов. |
|
|
9.12.2025. |
|
На 08.12.2025 година, денот во кој Светата православна Црква го чествува споменот на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, светиот Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите: Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј. На Литургијата во чинови протоереи беа ракопроизведени јереите: Даниел Јовановски и Антонио Апостолоски. Празнична беседа прозинесе Митрополитот Јосиф. Многубојниот светиклиментов верен народ се причести со светите Христови дарови. Во Предвечерјето на овој ден, се отслужи Вечерна Богослужба во Соборниат храм во Скопје, а потоа во НУ „Музеј на македонската борбa за самостојност“, беше одржана традиционалната Светиклиментова свечена академија, на која присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Повеќе фотографии на страната на Скопската епархија |
|
|
9.12.2025. |
|
На 06.12.2025 година, традиционално, по 58. пат, беше прославен патрониот празник на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во параклисот при Богословијата, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а на истата молитвено присуство зедоа: Неговото Блаженство, Ахриепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на Богословијата – Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и Митрополитите: Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Дебарско-кичевски г. Георгиј. По Вечерната богослужба, во Богословијата се одржа и свечена академија којашто започна со благословување и прекршување на празничниот колач од страна на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На свеченоста беа наградени најдобрите ученици од секој клас, а на самиот крај, пред присутните, се обрати и ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој им се заблагодари на присутните, а воедно, и на светиот Климент Охридски за постојаното застапништвото и за молитвите. Повеќе фотографии на страната на Скопската епархија |
|
|
9.12.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Во 26 седмица по Педесетница, на денот кога Светата православна црква ја чествува светата великомаченичка Екатерина и светиот великомаченик Меркуриј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата, Митрополитот благоволи и го потстрижа во чин чтец Драган Делов од Кавадарци. По завршувањето на Литургијата се отслужи Молебен со помазание на сите присутни верни пред иконата на света Ксенија Петроградска. |
|
|
4.12.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на клирици од велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.
|
|
|
30.11.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Во 25-та седмица по Педесетница, се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. Литургијата ја отслужи свештеник Јани Мулев, во сослужение на протоѓакон Васил Ристовски, а во молитвено присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. |
|
|