Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Архиерејска Литургија - Гевгелија
31.10.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

На 30 октомври 2011 година, на денот кога Светата православна црква го слави споменот на Светиот пророк Осија; Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан и Преподобниот маченик Андреј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија.

 

 
Света Петка
28.10.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

Н

а 27. 10. 2011 година, Преподобна Параскева – Петковден, прва храмова слава од осветувањето на параклисот – крстилна во населбата Сењак 2 во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, свештеници од Штип и протоѓаконот Ратомир Грозданоски, професор на Богословскиот Факултет во Скопје, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец и ипоѓакон богословот Јохан Митев од Чешиново – кочанско, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин. На крајот од Светата Литургија пригодна беседа произнесе Митрополитот Повардарски г. Агатангел, по што Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Митрополитот Повардарски г. Агатангел за отслужената Света Литургија на оваа прва храмова слава на параклисот - крстилната која отпочна со изградба во времето кога надлежен Митрополит беше Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел. После беседите Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благословија и пресекоа празничниот леб.

 преземено од сајтот на Брегалничката епархија на МПЦ: www.bregalnickaeparhija.org.mk

 
Осветување на камен-темелник
25.10.2011.

 

Sample Image   Sample Image

 

Н

а 23 октомври 2011 година, (недела) на денот кога Светата православна црква го празнуваше споменот на Светиот маченик Теофил Струмички, а македонската држава го празнуваше Денот на македонската револуционерна борба се изврши осветување на камен - темелник на нова црква во градот Велес. Новата црква ќе биде посветена на светите бесребреници, лекари и чудотворци Козма и Дамјан, а ќе се гради во дворот на Општата Болница во Велес. Осветувањето на камен-темелникот го извршија Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и бројно свештенство од двете епархии. На чинот на осветувањето, присуствуваа заменик министерот за здравство г-дин Јовица Андоновски, пратениците г-дин Илија Димовски и г-дин Марјанчо Николов, Претседателот на Советот на град Велес, г-дин Славчо Чадиев заедно со советници од Општината, потоа директорот на Општата Болница г-дин Ванчо Граматов заедно со поголем дел од докторите, како и многу други верници, кои заедно со сите останати го проследија чинот на осветување во благопријатна молитвена атмосфера.

Отпочнувањето на изградбата на оваа црква доаѓа по големи напори на Повардарската епархија во еден подолг период да успее да се реализира замислата за Болничка црква во градот Велес, и затоа ја изразуваме нашата благодарност до сите оние кои помогнаа да почне реализацијата на овој проект. Црквата ќе се гради со средства на Повардарската епархија, како и со донации на верници.

Митрополитот Агатангел во своето обраќање пред присутните истакна дека болничката црква „Св. Козма и Дамјан“ ќе биде место каде што сите верни души ќе можат да ги задоволат своите духовни потреби преку добивањето на Светите Тајни - Молитви, Исповед и Причест, а особено ќе биде наменета за сите оние кои доаѓаат во Болницата заради лекување, за да можат да си запалат свеќа и да се помолат на Севишниот Бог Исус Христос за исцеление на нивните телесни и духовни болки, место каде што ќе можат да ги смират своите мисли пред разни операции, место каде ќе се помолат за покој на душите на нивните починати, но и место каде што првпат ќе Му благодарат на Бога за добиената рожба или успешно извршена операција. Исто така наменета е и за сиот медицински персонал, кој поради својата посветеност и грижа за болните не може да присуствува на Богослужбите, така што со градењето на оваа црква ќе им биде овозможено на сите кои работат овде да доаѓаат редовно на Литургија, особено за најголемите празници.

Исто така и директорот на општата болница г-дин Ванчо Граматов,  во својот говор го поздрави отпочнувањето на изградбата на овој свет храм, изразувајќи надеж дека самиот храм ќе претставува огромна помош на болницата во остварувањето на основната дејност - грижа и лекување на телесните, душевните и духовните болести на луѓето.

Пред чинот на осветување на камен-темелникот, Митрополитите Агатангел и Петар отслужија Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. 

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
  Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image  
 
 Sample Image   Sample Image

 

 
Групна венчавка
25.10.2011.

 

Sample Image

 

На 22. 10. 2011, ден сабота, во соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон” во Велес, се одржа четврта по ред групна венчавка, на која 6 двојки ја крунисаа љубовта со Божји благослов.

Со молитва за здравје, потомство и мирна и совршена љубов се до судниот ден, тие го добија Божјиот благослов за својот брак. Кумови, деца, внуци, пријатели и голем број посетители го исполнија храмот. Чинот на Светата тајна – брак го извршија свештеници од Велес.

Господ нашиот Бог, по застапништвото на Пресветата Владичица наша Богородица, на нововенчаните брачни парови да ги утврди нивните домашни цркви и да ги утеши во староста.
 
Покров на Пресвета Богородица
14.10.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

На празникот Покров на Пресвета Богородица, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој празник во велешкото село Каратманово.