Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Крстовден во Согленскиот манастир
28.09.2011.

 

Sample Image   Sample Image

 

Крстот нè повикува да се поклониме на распнатиот Христос. Крстот е знамето на православието, крстот е знамето на христијаните, крстот е спасението на човештвото, крстот го победува сатаната, крстот  нè искачува во царството небесно.

 

 Sample Image   Sample Image

Н

а празникот на пронаоѓањето на чесниот Крст, Митрополитот Повардарски отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Согленскиот манастир. На Литургијата сослужуваа повеќе клирици на Повардарската епархија, а пред чесниот Крст се поклонија голем број верници.

На Литургијата Митрополитот со беседа се обрати до присутните верници објаснувајќи им ја Божествената димензија на празникот, како и упатувајќи им духовни поуки на своето патство.

 

 Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 

 

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот заедно со свештенството, настојателот на манастирот отец Авакум и сите присутни верници се упатија во дворот на манастирот, каде што Митрополитот изврши осветување на камен мозаичен крст, кој е поставен во дворот на манастирот, а го направија и го подарија на манстирот пензионираниот протоереј-ставрофор Бошко Кипровски заедно со неговиот син. Митрополитот за ова Богоугодно дело им додели благодарници на отецот Кипровски и неговиот син.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 

 

 

Дел од Беседата на Митрополитот Агатангел:

Христос Спасителот наш сакајќи да го спаси човештвото од гревот, од нечистотијата, благоизволи да се овоплоти од утробата на Пресветата Мајка Богородица за да го спаси човекот кој беше создаден од него. Според тогашните еврејски закони, Тој до триесетата година не смееше да го проповеда своето учење, туку молчеше и работеше во куќата на мајка му, работеше како што работеа сите луѓе, но откако го прими светото крштение од оној што викаше во пустината, почна да го проповеда неговото учење, за царството небесно и за опростување на гревовите на човештвото. И сето тоа го следеа  евреите, незнабожците сите тие го чекаа Христа со меч да ги ослободи од ропството, но откако слушнаа дека Христос ја проповеда верата на љубовта, верата на правдата, на вистината, дека мртви воскреснува, од секаква болест луѓе излекува, тогаш се побунија против него за да го распнат. И тоа се случи, го распнаа Бога Спасителот наш, но Господ воскресна.

Крстот на кој беше распнат Господ Бог не можеше да се најде. На местото Гологота раздалечено од Ерусалим имаше три крста, едниот Христов – крстот на светлината, на правдата, на вистината, на вечноста. Другиот крст беше на разбојникот – крстот на непокајаниот и третиот крст беше крстот на покајанието, крстот на сознанието на човекот дека е грешен и дека треба да се покае.

Сите ние ги носиме тие крстови, драги мои. Сите ние го носиме крстот Христов, ако одиме по патот на спасението, на Божјите закони, ако ги почитуваме Божјите заповеди, ако живееме според христијанските и евангелските начела, но го носиме и крстот на гревот, на гордоста, на прељубата, на блудот, на нечистотијата, на лагата и кражбата, на омразата,  на гневот, но Бог ни даде крст кој сите треба да го применуваме, тоа е крстот на покајанието. Како оној што викаше, како лав во пустината, „покајте се зашто се приближи царството Небесно“, така и Христос почна да проповеда за покајанието и неслучајно Него го ставија меѓу двајца разбојници, кои навистина ја заслужија казната затоа што правева многу злодела на луѓето, но законот на правдата, на вистината секогаш победува и крстот на љубовта на кој беше распнат Христос победи.

Слушајќи го Светото евангелие, слушнавме дека покрај крстот на кој беше распнат Христос стоеше неговата мајка. Сите мајки можат да ја почуствуваат болката, тагата, но Мајката Божја, мајката на сите мајки, онаа мајка која ги гледаше раните Христови, трнивитиот венец на главата, матниот поглед.

Ве молам, драги мои, мислите пренесете ги на Голгота, со мислите видете го тоа место на злото, место на неправдата, видете го крстот Христов, клекнете пред него, видете ги раните, шајките, видете ја крвта како тече пред Него. Во сето тоа сочуствувајте, сочуствувајте со Христа како што сочувствуваше Мајката Божја. И ние се пренесуваме на Голгота денес и сите клечиме пред Христовиот крст и треба да извикаме како што разбојникот извика: „Господе, спомни си за мене“ така се спаси разбојникот, а Христос му рече уште денес ќе бидеш во рајот со мене. Видете драги мои колку е добар и милостив нашиот Бог, само со еден збор ни го дава царството Божјо за кое чезнее секоја христијанска душа, само со еден повик кон Него „погледни, спомни си, смилувај се на мене“ и тој ни вели денес ќе бидеш во рајот со мене. Колку е добар Господ драги мои, колку Тој нè милува, а какви неправди му правиме ние, луѓето. Не само тогаш кога беше распнат Бог, ние секојдневно го распнуваме Христа, секојдневно ги удираме шајките во неговите раце и нозе, секојдневно му го ставаме трновиот венец на главата, со нашето однесување, со нашите гревови, со нашата одалеченост и индиферентност кон Христа Бога кон Црквата индиферентни кон нашето спасение, зашто мислиме дека се тука ќе заврши на земјата.

 

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, Пронаоѓањето на чесниот крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим.

Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“

Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години.

Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет. 

 

 
Рождество на Пресвета Богородица
22.09.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

Н

а 21.09.2011 година, (среда), кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица, во храмот „Свети вмч. Димитриј“ во Валандово се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од гевгелиското архиерејско намесништво. Црквата беше исполнета со верни души кои молитвено го побараа застапништвото на Мајката Божја пред престолот на Спасителот, за здравје и спасение на нивните души. Многумина од присутните верници пристапија кон Светата Тајна – Евхаристија и се причестија со Светите Христови дарови.

Литургијата беше збогатена и со прекрасните звуци на хорот „Свети Роман Слаткопевец“ од Струмица.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image    Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

 Sample Image  Sample Image  Sample Image  Sample Image

 

 
  Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

 
Осветување на конаци
19.09.2011.

 

Sample Image

 

Н

а 18. 09. 2011 година, (недела), кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот пророк Захарија; Светите маченици Јувентин и Максимин и Преподобен Атанасиј, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската православна црква, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство од Повардарската епархија. По завршувањето на Литургијата, Архиепископот заедно со присутните Митрополити и свештенството извршија осветување на реновираните конаци на манастирскиот комплекс, кои беа реновирани со средства на Повардарската епархија и донации од верници.

Поради личниот придонес за реновирањето на манастирските конаци , како и поради плодната свештено-пастирска дејност, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и го произведе во чин протоереј свештеникот Воислав Ѓеорѓиев, кој е и старешина на манастирот.

Во текот на реновирањето на манастирските конаци, во оваа фаза беа опфатени и целосно завршени 25 двокреветни и трокреветни соби, кои сега нудат одлични услови за посета и престој во манастирскиот комплекс.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

 

 
Посета на Австрија
13.09.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

С

о благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел,во деновите од изминатиот викенд, делегација од Повардарската епархија, предводена од секретарот на епархијата, ѓакон Влатко Стоименов, на покана на познатиот европски производител на црковни ѕвона „Грасмаер“ претстојуваше во Инсбрук, Австрија. Компанијата „Грасмаер“ ги подготвува црковните ѕвона за новата црква „Св. Кирил и Методиј“ во Велес и за новата црква „Св. Петка“ во Кавадарци. На покана на австриската компанија нашата делегација присуствуваше на чинот на лиење на ѕвоната. Пред самиот чин на лиење, ѓаконот Стоименов се помоли за успешно да се заврши подготвувањето на црковните ѕвона, а домакините и бројните гости, кои се по вероисповед католици, заедно со нашата делегација заедно се помолија за успешен почеток и успешно завршување на веќе започнатата работа, односно правењето на црковните камбани.

 

 
Отсекување на главата на Св. Јован Крстител
13.09.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

Н

а празникот на Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, на покана на наделжниот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј претстојуваше во Бигорскиот манастир посветен на Светиот Јован Крстител. Митрополитот Агатангел чиноначалствуваше со вечерната богослужба на која надлежниот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија, г. Тимотеј изврши монашки потсриг на тројца искушеници од Бигорската обител, Кристијан, Зоран и Синиша, со нови имиња Христофор, Захариј и Евфросиниј. Следниот ден Митрополитите г. Агатангел и г. Тимотеј отслужија Света Божествената Литургија.

 

Поопширно за овој настан на интернет презентацијата на манастирот „Св. Јован Бигорски“