Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Групна крштевка во водите на реката Бабуна
18.07.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
Sample Image    Sample Image
 

 

На 16. 07. 2011 година, ден сабота, Повардарската епархија организираше Групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. Светата тајна - крштение ја примија 18 луѓе. Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија свештениците: Протоереј Зоран Грозданов, протоереј Ристе Јанушев и свештеник Станчев Ангел.

Групната крштевка беше организирана по четврти пат во Повардарската епархија, и веќе традиционално се одржува секоја година во водите на реката Бабуна. 

Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештениците ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно. Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Потоа следеше миропомазание на крстените, а следниот ден сите крстени присуствуваа на Светата Литургија за да ја примат Светата тајна - Причест.

 
Света Божествена Литургија (10. 07.2011)
11.07.2011.

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 На 10. 07. 2011 година (недела), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес.

 
Православна Светлина бр. 18
8.07.2011.

Sample Image

Новиот број на списанието „Православна Светлина“ излезе од печат. Петровденските празнувања, се празниците пред кои непосредно излегува второто годишно издание на списанието, па така во овој втор број од петтата година од неговото издавање се сместени повеќе наслови посветени на празнувањето на овие големи христијански празници, како и многу други кои обработуваат  теми од нашата православна вера и живот. 

 

Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко.

Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете за време на претстојните празнични служби.

 
Раѓање на Свети Јован Крстител
8.07.2011.

 

Sample ImageSample Image
 Sample ImageSample Image
 Sample ImageSample Image
 
 Sample Image

 

На празникот на Раѓање на св. Јован Претеча и Крстител Господов, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.
На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од епархијата, а сослужуваше и свештеникот Гулев Тоне од австралиско-новозеландската епархија на МПЦ. На Литургијата присуствуваа голем број верници, од кои дел се причестија со Светите Христови дарови.

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

 
Семинар по Пастирско богословие во Р. Бугарија
8.07.2011.

 

„Црквата и социјалното служење“

Sample ImageНа одалеченост од 40 километри од гр. Софија – Р. Бугарија, во падините на планината Витоша, во прекрасното излетничко село Боснек, се одржа првиот меѓународен семинар по Пастирско богословие „Црквата и социјалното служење“, организиран од Православниот центар „Проф. Тотју Коев“ од гр. Велико Трново и фондацијата „Покров Богородичен“ од гр. Софија. На семинарот имаше претставници од Православниот богословски факултет „Св. Кирил и Методиј“ од гр. Велико Трново и од Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ од гр. Скопје, Р. Македонија (петмина ученици од V клас, раководени од нивниот класен раководител, проф. м-р Дарко Милев).

 

Sample Image   Sample Image

 


Прв свое предавање произнесе г-дин Пламен Савов (директор на фондацијата „Покров Богородичен“) на тема „Обука за методите и принципите на социјалната работа во Црквата“. Вториот ден, своите предавања ги произнесоа: Петар Благинов (преставник на Евангелистичката христијанска заедница) на тема „Доброволниот труд и приносот на мирјаните за социјалното служење“ и проф. м-р Дарко Милев (професор во МПБ „Св. Климент Охридски“ и докторант по догматско богословие) на тема „Пастирот и неговата дејност во современиот свет“. Третиот ден, бевме удостоени со предавањето на г-ѓа Силвана Павлова (дипломиран теолог кој што работи во центарот за христијанска едукација на деца со оштетен слух и говор) на тема „Формирање на социјални компетенции во православниот христијанин“. Во дискусиите земаа учество сите учесници на семинарот.

 

Sample Image   Sample Image

Целиот семинар беше исполнет, а воедно и претставуваше типичен израз на христијанската и братска љубов, која што реално постои помеѓу овие две цркви, имајќи го за единствен пример за таа љубов и образец на морално совршенство, нашиот Спасител Господ Исус Христос. За време на предавањата и дискусиите, можевме да ги разгледаме искуствата на БПЦ и МПЦ, во однос на нивната црковно-социјална дејност, како и на претставниците на христијански хуманитарни органиции и други христијански конфесии, да им направиме еден критички осврт, и преку дискусиите да ги согледаме и изложиме сите нивни позитивности и негативности.
Најважно од сé, беше тоа, што по време целиот семинар, помеѓу сите учесници преовладуваше онаа љубов, според која што единствено проликуваше дека сме Христови ученици, и дека и покрај тоа што малкумина бевме собрани во Неговото име, Тој беше помеѓу нас. Нека нашиот Бог секогаш ги помага нашите собраќа во нивните богоугодни дела, и нека Христос засекогаш биде помеѓу нас. Амин!