Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Освет на камен-темелник
31.05.2011.
Sample Image   Sample Image
 
На 28. 05. 2011 година Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши осветување на камен-темелник за нови конаци на манастирот „Св. Ѓорѓи Полошки“ на Тиквешкото езеро, а беа осветени и постоечките конаци на манастирот. Пред чинот на осветување, Митрополитот отслужи Света Божествена Литургија во манастирскиот храм.
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
Посета на Лесновскиот манастир
30.05.2011.

 

Sample Image   Sample Image

 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во рамките на соработката помеѓу Повардарската епархија и здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа од Велес , на ден 29. 05. 2011 година беше организирана еднодневна екскурзија во Лесновскиот манастир и во манастирот „Св. Спиридон“. Дечињата и нивните родители беа топло примени од монасите од Лесновскиот манастир, како и од монахињите од женскиот манастир „Св. Спиридон“.

 

Sample Image   Sample Image

 

И на оваа екскурзија, како и на неколку претходно, успеавме, според претходно утврдената цел, барем за момент на овие дечиња да им овозможиме да заборават на нивните животни премрежја и секојдневни проблеми и маки со кои се соочуваат.

Затоа и упатуваме апел до сите добронамерни христијански души, во духот на христијанските начела за љубов, добрина и милост, да се запознаат со овие дечиња и нивните родители и да се обидат во рамките на нивните можности да им помогнат на овие деца и нивните семејства, бидејќи тие тоа го заслужуваат и знаат вистински да го почитуваат.

 

Sample Image   Sample Image

 

 
Св. рамноапостоли Кирил и Методиј
25.05.2011.

Sample ImageНа празникот на Светите Кирил и Методиј беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот посветен на овие светители во Гевгелија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј,  Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и повеќе свештенослужители од Повардарската епархија.

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни 

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

 

 
Св. Никола 22.05.2011
25.05.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

На  22 мај 2011 година, во Недела на Самарјанката, кога Православната црква си спомнува за  преносот  на моштите на Св. Николај, светиот пророк Исаија и светиот маченик Христифор, во манастирот посветен на св. Никола во Велес се отслужи Архиерејска Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на светенослужители од велешкото намесништво на Повардарската епархија.  Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. 

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

 
Заупокоена Литургија
25.05.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

На празникот на светиот апостол и евангелист Јован, преподобен Арсениј Велики и света Емилија, во храмот на св. Димитриј, во Скопје,  се  отслужи заупокоена Божествена Литургија и панихида во спомен на 30-годишнината од упокојувањето на првиот поглавар на возобновената Охридска архиепископија во лицето на МПЦ, неговото блаженство Архиепископот г. г. Доситеј и во спомен на 25-годишнината од упокојувањето на вториот поглавар на МПЦ Архиепископот г. г. Ангелариј.

Со Литургијата и панихидата  чиноначалствуваше  Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г.  Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополит Брегалнички г.Иларион и свештенослужителите   од Скопската епархија.

Повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 11