Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Фото материјал од Воскресението Христово
28.04.2011.
Sample Image
Повеќе...
 
Видео материјал Велики Четврток и Велики Петок
27.04.2011.
 
 
Велигден
19.04.2011.

Sample ImageНајрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ  во сабота спроти недела низ сите храмови ширум светот.

Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“ !

Духовен центар на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.

Во продолжение на празникот беше отслужена Велигденска Литургија, каде многубројни верни чеда чекаа до раните утрински часови да се соединат со Господ Исус Христос, примајќи ги Неговите Свети дарови.

Во неделата наутро, се отслужи Вечерна Богослужба со читање на Евангелието на десет разни јазици.

На втор ден Велигден, Митрополитот Агатангел ќе служи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Кавадарци, а на трет ден Велигден  во храмот „Св. Недела“ во село Стојаково.

 
Велики Петок
19.04.2011.

Sample ImageНа Велики Петок, кога светата Православна Црква го слави погребението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во храмот „Св. Спас“, со почеток во 07.30 часот, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, ги отслужи Царските Часови и Вечерната богослужба, на која, како што е превидено според типикот, беше изнесена плаштаницата среде храмот. Верниот народ се поклонуваше и ја целиваше плаштаницата и потоа поминуваше под неа, затоа што, за да дојдеме до воскресение, најпрво мораме да поминеме низ гробот Господов - без распетие, страдање и погребение нема воскресение.

Во црквата „Свето Вознесение Христово“, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на голем број верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување  на постраданиот и погребан Спасител наш, Господ Исус Христос, на која беа прочитани  Пофални  песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок. 

 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 13