Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Фото материјал - Водици 2011, Велес
21.01.2011.
 
Sample Image   Sample Image
 
Sample Image Sample Image
 
 Sample Image  Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
Sample Image  Sample Image

 Sample Image Sample Image
 
Sample Image Sample Image
 
 
Собор на Свети Јован Крстител
21.01.2011.

 

Sample Image   Sample Image

 

На празникот на Светиот Јован Крстител, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и отслужи Света Божествена Литургија во манастирот посветен на Св. Јован Претеча во местото Ветерско. По зваршувањето на Литургијата, во дворот на манстирот беше осветена вода за здравје на верниците и беа прекршени славските колачи.

 

Sample Image   Sample Image
 
 

 

Свети Јован Крстител     20/01/2011

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

 
Богојавление - Водици 2011
18.01.2011.
 Sample Image   Sample Image
 
    Sample Image
 
БОГ СЕ ЈАВИ!
Прославата на празникот на Богојавлението во Велес, започна со Света Божествена Литургија во храмот „Св. Спас“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. Потоа, од храмот „Св. Спас“ беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше фрлен чесниот и животворен крст во водите.    
Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и фрлањето на животворниот крст, а секоја година расте и бројот на оние коишто се фрлаат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Така оваа година имавме 75 луѓе кои влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Оваа година крстот го фати четириесет и осум годишниот велешанец Миладинов Зоран. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. На осветувањето на водата на реката Вардар оваа година покрај многубројните велешани присуствуваше и претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов со висок претставник на Република Унгарија, а присуствуваа и градоначалникот г-дин Горан Петров и пратениците од Велес.
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
Водокрст
18.01.2011.

 

Sample Image   Sample Image

 

Во очи на големиот христијански празник - Богојавление Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година осветувањето на водите се изврши во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Василиева Литургија, а потоа во сослужение на присутните клирици ја освети водата за здравје и спасение на верниците.

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 
Св. Василиј
17.01.2011.
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 10