Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Цветници
29.03.2010.

 

Sample Image   Sample Image

 

На денот кога го празнуваме споменот на влегувањето на нашиот Спасител Исус Христос во Ерусалим - Цветници , во сите поголеми храмови ширум Повардарската епархија беше отслужена Света Божествена Литургија. Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Божествената Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија.

Повеќе...
 
Света Божествена Литургија - Неготино
15.03.2010.
Sample Image   Sample Image
 

Во Неделата  на Св. Јован Лествичник, кога Светата православна црква го чествува споменот на Преподобната маченичка Евдокија и Преподобен Агапиј; Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино. На Литургијата сослужуваа голем број свештеници, а верниот народ се причести со Светите Христови дарови.

 
Повеќе...
 
Четврта статија од Акатистот кон Пресвета Богородица
15.03.2010.
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
На 12. 03. 2010 година, во петок од четвртата седмица од Великиот Пост, во храмот „Вознесение Христово“ се отслужи четвртата статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Ова беше последната статија од Акатистот кон Пресвета Богородица, а следниот петок во истиот храм ќе биде отслужен целиот Акатист.
На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови. 
 
Св. Агатангел Битолски
12.03.2010.

Sample ImageЗапис врежан врз светиот кивот со моштите на новомаченикот:


„Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто маченички пострада во 1727 година од следнава причина:
Кога сите Агарјани, имајќи си зол обичај, во трите дена на бајрам го потурчуваа секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, при тоа сочинувајќи и ферман, и со Божјо содејство - попуштија. Оние, пак, не поднесувајќи го ова, го убија, а главата негова беше воскрасена во дните на кир Григориј Пелагонијски, а од ереите беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј, 1827, февруари 25“.
Синаксар на празникот на „Св. Агатангел Битолски“

На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата која се отслужи во Соборниот храм „Св. Пантелејмон“ во Велес, сослужуваа сите свештенослужители од градот.

Повеќе...
 
Фотографии - Полошки манастир
10.03.2010.
 
Sample Image
Повеќе...