Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Литургија на претходно осветени дарови
26.02.2010.
Sample Image   Sample Image
 
Денес, (26. 02. 2010 год.), петок во втората недела од Великиот Пост, кога Мајката Црква го слави споменот на Преподобниот Мартинијан и св. Евлогиј Александриски во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Велес се отслужи Литургија на претходоно осветени дарови. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на поголем број клирици од велешкото намесништво.
Повеќе...
 
Литургија на претходно осветени дарови
26.02.2010.
Sample Image   Sample Image
 
Денес, (26. 02. 2010 год.), петок во втората недела од Великиот Пост, кога Мајката Црква го слави споменот на Преподобниот Мартинијан и св. Евлогиј Александриски во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Велес се отслужи Литургија на претходоно осветени дарови. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на поголем број клирици од велешкото намесништво.
Повеќе...
 
Недела на православието
22.02.2010.

 

Sample Image   Sample Image

 

Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св.вмч. Пантелејмон“ во Велес. По завршувањето на Литургијата беше одржана Духовна Академија, на која свештеникот Борислав Бобевски одржа Беседа за Неделата на православието .



Повеќе...
 
Тодорова сабота
22.02.2010.

 

Sample Image   Sample Image
 

 

Во првата сабота од светата Четириесетница, во времето на Великиот пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, Митроплитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“ на Тиквешкото езеро.

Повеќе...
 
Ново издание од Повардарската епархија
17.02.2010.

Sample ImageИзлезе од печат најновото издание од издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ при Повардарската епархија, Псалтир со девет библиски песни.

 

Вовед

 

Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.

Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.

Сто и шеснаесет псалми содржат пред–текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:

 

1. Химни, или славопои кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102–104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144–149.

2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95–98.

3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.

4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.

5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.

6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136.

7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5–7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40–42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139–142.

8. Благодарствени псалми: 910, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.

 

Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26). Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава.

Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: ¹. Пс. 139, 2. Пс. 4070, 3. Пс. 71–87, 4. Пс. 88104 и 5. Пс. 105151.

 

 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 12