Богојавление - Водици |
20.01.2009. | |
БОГ СЕ ЈАВИ!
Прославата на празникот на Богојавлението во Велес, започна со Света Божествена Литургија во храмот „Св. Спас“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. Потоа, од храмот „Св. Спас“ беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше фрлен чесниот и животворен крст во водите.
Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и фрлањето на животворниот крст, а секоја година расте и бројот на оние коишто се фрлаат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Така оваа година имавме 76 луѓе кои влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Оваа година крстот го фати дваесет и пет годишниот велешанец Ристе Гашев. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. На осветувањето на водата на реката Вардар покрај многубројните
велешани присуствуваа и градоначалникот Аце Коцевски, министерот за
првда Михајло Маневски и пратениците од Велес.
|
< Претходно | Следно > |
---|