Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Преподобна маченичка Параскева (Петка)
28.10.2008.
 
 
 
Sample Image
 
 
На празникот на Преподобната маченичка Параскева (Петка), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Валандово.
Sample Image
 
 
 
 Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители
од велешкото и гевгелиското намесништво на епархијата, а молитвено присуствуваа и голем број на верници кои се причестија со светите Христови дарови. 
 
 
 
 Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
 
 
Кратко житие 


Преподобна Параскева (Петка)     27/10/2008

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите и беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш и се јави ангел Божји и и рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да и го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.


 
 
< Претходно   Следно >