Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Црква Успение на Пресвета Богородица - Велес
Црква Успение на Пресвета Богородица - Велес
14.06.2007.
  • Црква Успение на Пресвета Богородица - Велес
    Sample Image
     Црквата Св.Богородица се наоѓа на источната страна од градот во месноста Дервен, каде што порано живееле извесен број влашки семејства, така што и нивната улица почнале да ја викаат “Влашко маало”. Надворешниот изглед на црквата не е впечатлива архитектура, повеќе личи на поголема зграда, отколку на црква, па според тоа и не припаѓа на некој посебен црковен стил.                                                                                          
    Sample Image
      Најболно прашање за Власите било тоа што тие немале своја црква. Бидејќи во 1874 година не успеале на присилен начин да ја присвојат црквата Св.Спас, во 1882 година започнале со градењето на своја црква- Св.Богородица. Оваа година е втисната и на сребрениот крст за рачна употреба, а кој подолго време се наоѓа на светиот престол во олтарот на црквата, како дар од некој член на влашкото семејство Дочеви, кои имале аптека во Велес. На завршните работи во 1905 година и овде работела тајфата на прочуениот мајстор Дамјан, синот на Андреја, мајстор градител од семејството Рензовци-Зографовци во Велес. Најпосле Власите се здобиваат со своја црква, Св.Богородица, која населението ја нарекло “Влашка црква”. Уште од самиот почеток богослужението во неа се вршело на грчки јазик со одобрение и благослов од владиката во Велес. За прв парохијски свештеник бил поставен Димитриј Бога, член на семејството Бога, од кое потекнува и добротворот Чекрдак. На тоа место како протојереј, Димитриј останал сè до 1915 година. Инаку, грчката служба во црквата престанала уште во 1912 година по одењето на Турците од Македонија, бидејќи новопоставените свештеници не знаеле грчки. За успехот на црквата и нејзиниот углед најголема заслуга има нејзиниот голем добротвор Михајло Чекрдак. Потоа треба да се спомнат имињата на питропите, кои секогаш совесно ја вршеле својата работа и секогаш биле активни соработници на црковните лица. Тоа се следните жители на градот: Коста Влаот, Онче Тодоров, Никола Призренец, Јамандија Грбов, Ѓорѓи Софијанов, Ташула Софијанов, Ѓошо Делов, Димко Настев и некои други.

 
< Претходно   Следно >