Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Историја на МПЦ arrow Македонската црковна уметност
Македонската црковна уметност
20.03.2008.
Македонската црковна уметност
 

Во првата половина на XIX век, како резултат на економскиот подем на македонскиот народ и дозволата на турската власт да се градат поголеми цркви во Македонија, дошле до израз нашата специфичната македонска црковна архитектура и сликарство. Во тоа време во подем била и нашата резба, која сé повеќе се појавувала како внатрешна декорација на црквите. Така, една по друга, почнале да се градат големи градски и селски цркви во Скопје, Неврокоп, Битола, Кратово, Велес, Прилеп, Штип, Горна Џумаја, Солун, Банско, Воден и во други градови.
Со тек на време се развивала и зографската уметност. Најпознатиот зограф во тоа време бил Дичо Зограф од мијачкото село Тресонче. А, попознати иконописци од тоа време се и Томо Вишинов - Молер и неговиот син Димитар Молеров од Банско. Потоа зографите Петре Филиповски - Гарката од село Гари и Макариј Фрчковски од Галичник. Во почетокот на XIX век поради с# поголемото градење на нови цркви се формирале и повеќе зографски тајфи од Лазарополе, Гари, Тресонче, Осој, Росоки, Галичник, Битуше и Требиште - сите од мијачијата.
Резбарот Макариј Фрчковски долго време соработувал со Петре Филиповски - Гарката, а потоа со своите браќа Ѓурчин и Трајан и синовите формирал своја тајфа. Тој ги изработил иконостасите во црквата „Свети Спас“ во Скопје, „Свети Никола“ во Приштина и „Света Богородица“ во Пазарџик. Македонските зографски, резбарски и градителски тајфи содавале вечни и благочестиви дела како во Македонија, така и насекаде на Балканот.


 
< Претходно   Следно >