Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Историја на МПЦ arrow Црковниот живот по укинувањето на Охридската арх.
Црковниот живот по укинувањето на Охридската арх.
20.03.2008.
Црковниот живот во Македонија по укинувањето на Охридската архиепископија
 

По укинувањето на Охридската архиепископија, Цариградската патријаршија најпрво ги отстранила домородните владици и ги заменила со владици фанароти, кои не го знаеле јазикот на своите верници. Тие најнапред ја забраниле македонската богослужба по градовите. Место тогашните протојереи Македонци, тие назначиле економи Грци, а поретко и гркомани. Тие ја користеле својата власт за собирање на црковни давачки, посебно на владичнината, како за свое, така и за збогатување на владиката. Ова предизвикало кај верниците оправдан отпор и остри протести. Општо земено овие владици и економи доаѓале во Македонија со една единствена цел: што поскоро да се збогатат и потоа да се вратат во некоја грчка епархија. Тие себеси се сметале за понижени и казнети што се поставени да раководат со народ, кој зборува „варварски јазик”.
Монасите и парохиското свештенство по селата и помалите градови биле и понатаму само Македонци, зашто грчките свештенослужители не биле заинтересирани за таквите малкудоходовни места. Свештенството во Македонија по традиција било од редовите на свештенички фамилии. Најчесто еден од синовите го наследувал својот татко. Само на тој начин можело да се одржи домородното свештенство во Македонија. Помладите учеле од постарите и вдахновени со искрена и длабока вера во Бога и силно родољубие, успевале во текот на двојното тешко ропство, турското и фанариотското, да ги запазат светите пораки на свети Климент, на свети Наум и на својата Македонска православна црква и да ги запазат црковно-народните традиции, јакнејќи ја верата кај народот за ослободување и повторно возобновување на славната Охридска архиепископија. Оваа идеја-водителка кај македонскиот народ никогаш не престанала да постои, таа, низ вековите, па сè до денес останала да се чува затскриена во македонските срца.


 
< Претходно   Следно >