Помош за лицата со церебрална парализа |
15.04.2020. |
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес во седиштето на Повардарската епархија во Велес беа донирани пакети со прехрамбени производи на семејствата на лица со церебрална парализа од Велес. Повардарската епархија има долгогодишна соработка со здружението на лицата со церебрална парализа од Велес, па така и во овие празнични денови, кога се наоѓаме во оваа непријатна ситуација со пандемијата, сакавме да им помогнеме на овие наши браќа и сестри.
|