Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow ПОВИК ЗА СЕНОЌНО БДЕНИЕ
ПОВИК ЗА СЕНОЌНО БДЕНИЕ
12.12.2018.

 Sample Image

„Бидете будни и молете сè, да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо“ (Мт. 26; 41)

Преку овие зборови, нашиот Спасител Господ Исус Христос, најдиректно ни го покажа патот на внатрешната духовна борба, од која, преку телесна и духовна будност, ќе излеземе како духовни победници.

И ние, денешните христијани, ќе треба да го следиме и усвоиме примерот на Господа Исуса Христа, Кој сеноќната молитва многупати ја практикуваше за време на Својата спасоносна мисија меѓу луѓето, а за што имаме бројни потврди во евангелските четива.

Молитвата и постот се двете духовни крила на секој христијанин, со чија помош го возвишува и издигнува својот дух, лебдејќи виско над страстите и секојдневните слабости, кои, пак, со својата силна и разурнувачка моќ, оној што не внимава и не е буден, можат да го спуштат во пеколната подземност.

Затоа, драги браќа и сестри, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, заедно со целото свештенство, Ве поканува и повикува да присуствувате на СЕНОЌНОТО БДЕНИЕ, кое на 31. 12. 2018 година со почеток во 23.00 часот, ќе се отслужи во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, каде соборно, како народ Божји, на нашиот Возглавител и Спасител Господ Исус Христос ќе Му ги принесеме најубавите и најскапоцени дарови од нашето срце.

На истата оваа богослужба, со благослов на нашиот Архипастир Митрополитот Агатангел, за првпат во град Велес и во Повардарската епархија, ќе биде изложен за целивање и поклонение долгоподготвуваниот кивот со свети мошти од дури 40 светители:

 

1. Преподобен Гаврил епископ Велички

2. Свети маченик Агатангел Битолски

3. Преподобен Антониј Велики

4. Свети Алексеј човек Божји

5. Свети Никола Кавасила

6. Свети маченик Бонифациј

7. Света Христина

8. Великомаченик Теодор Тиронски (Стратилат)

9. Свети Димитриј Ростовски

10. Свети Петар Атонски

11.Света маченичка Јулија Римска

12. Света Елена Шпанска

13. Свети Александар Римски

14. Свети маченик Серениј

15. Света Лукида Картагинска

16. Свети маченик Константиј

17. Света Теодора Солунска

18. Свети маченик Венерандиј

19. Свети маченик Максимилијан

20. Свети маченик Лукијан од Бова

21. Свети Неофит

22. Свети маченик Клариј

23. Трирски маченици - Легион

24. Свети маченик Јустин

25. Свети маченик Јован Углич

26. Свети маченик Леберакиј Авиненски

27. Свети маченик Паладиј

28. Свети маченик Симфориан

29. Свети маченик Гаудентиј

30. Свети маченик Фартунат

31. Свети маченик Виктор

32. Свети маченик Модест

33. Свети маченик Констатиј Римски

34. Свети Превлачки маченици

35. Света маченичка Модеста

36. Свештеноисповедник и праведен Петар Владимирски (Великодворски)

37. Свештеномаченик Константин Богородски (Ночински)

38. Свети маченик Кандид

39. Свештеноисповедник Теодосиј, епископ Коломенски

40. Свети маченик Фруктоза

 
< Претходно   Следно >