Св. вмч. Димитриј - Митровден |
11.11.2013. | |
На празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тмотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, архимандритот Нектариј и бројно свештенство отслужи Света Божествената Литургија во храмот посветен на овој светител во Кавадарци. На Божествената Литиргија присуствуваа голем број на верници од Кавадарци и од неговата околија, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на Светиот великомаченик Димитрија и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог. На Литургијата со празнично слово се произнесе Митрополитот Тетовско-кумановски г. Јосиф, по што верниците пристапија кон причестување со Телото и Крвта Христови. По завршувањеето на Литургијата Митрополитите и свештенството осветија вода и ги прекршија славските колачи. Слово на Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф
|
< Претходно | Следно > |
---|