Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Јован Мајендорф - за бракот
Јован Мајендорф - за бракот
27.10.2007.

 

БРАКОТ  КАКО СВЕТА ТАЈНА




   … За христијаните Бог не е идеја која треба да се разбере, туку личност со која треба дас се сретне: ,,Јас сум во Својот Отец и вие во Мене, и Јас сум во вас“ (Јн. 14,20). Во Бога човекот ја открива својата сопствена човечност, бидејќи е створен според ,,образот Божји3. И Христос како прав Бог, го покажал исто така вистинското човештво, не како спротивност на Своето Божество, туку затоа што Тој е вистински Бог. Во него ние го гледаме божественото како вистинска норма за човештвото .

                Кога човекот ќе се крсти и кога ќе постане ,,едно тело“ со Христа преку Евхаристијата, тој постанува целовит, т.е совршен. Тој ја отркива својата вистинска врска односно вистинскиот однос кон Бога и ближните. Тој се враќа на своите светски одговорности со сите богодадени и безгранични можности за создавање, љубов и служба.

                Сега, ако ап. Павле, го нарекува бракот ,,Тајна“ тогаш: тој мисли дека во бракот човекот не ја задоволува само својата потреба за земна и секуларна егзистенција, туку тој подразбира нешто поважно: крајната цел за која е создаден, т.е преку светата Тајна тој влегува во Царството на вечниот живот. Во светот човекот поседува изобилство на таланти и материјални,умни и чувствени сили - но неговата егзистенција е ограничена со време. ,,Да се биде роден од вода и Дух“ значи да се влезе во Царството на вечниот живот: бидејќи преку Христовото Воскресение оваа Царство постанува отворено, може да биде доживеано, а ние можеме да учествуваме во Него. Нарекуваји го бракот „тајна“ св.ап Павле потврдува дека бракот има свое место ва Царството божјо. Мажот постанува едно единствено битие, една единствена „плот” со својата жена, како што Синот Божји престанал да биде само Бог а постанал исто така и Човек, за заедницата на Неговиот народ да постане Негово тело. Поради тоа евангелските четива честопати бракот го споредуваат со свадба, која ја исполнува старозаветната пророчка визија на бракот помеѓу Бога и избраниот народ - Израилот. Поради тоа христијанскиот брак е нешто единствено, но не по силата на некој апстрактен закон или етичка норма, но исклучиво поради тоа што тој е Тајна на Царството Божјо, која човекот го воведува во вечна радост и љубов.

                Како света Тајна, христијанскиот брак сигурно доаѓа во судир со практичната вистина на паднатиот грешен човек. Тој, изгледа како и евангелието дека е недостижна цел. Меѓутоа, постои голема разлика помеѓу „Светите Тајни” и „идеалот”. Бракот како Света Тајна не е измислена апстркција.Тоа е доживување каде што човекот не настапува како осамен поединец туку дејствува во заедница со Бога. Преку светата Тајна Брак човечката природа учествува во надумната стварност на Духот, но при тоа не престанува да биде човечка природа. Всушност човекот постанува навистина човечен, бидејќи го исполнува своето основно назначение. Светата тајна е „премин” кон вистинскиот живот. тоа е човечко спасеие. Тоа се отворени врати кон вистинската и неискривена човечност. Па поради тоа Светата тајна не е магија. Светиот Дух не ја ограничува човеката слобода, туку го ослободува човекот од стегите на гревот.Во новиот живот невозможното постанува возможно, ако човекот слободно го прифати она што Бог му го понудува. Ова исто така се однесува и на бракот.

                Бракот е св. Тајна зашто го носи во себе предвкусот и делумното присуство на Царството Божјо - која е свадба на Јагнето (Агнецот) (Откр. 19, 7-9), совршено соединување на Христа и Црквата(Еф. 5, 32). Христијанскиот брак не ја наоѓа  својата крајна смисла ниту во телесното уживање ниту во друштвената стабилност, како ни во самото раѓање на потомство, туку во есхатонот (Царството Божјо), во „последфните тајни” кои што Господ ги припремил за Своите Избраници ... Затоа единствено бракот „во Христа” потврден преку Евхаристијата (светата Причест) во „името Христово” има есхатолошко христијанско задоволување на телото... Евхаристиското сваќање на бракот јасно покажува дека за човекот со образот Божји е поставен основниот христијански повик да се земе учество во самиот Божествен живот. Бракот со Литургијата, во Црквата, како конкретен собор на Божјиот народ, престанува да биде човечка организација и постануванавистина Црква Божја.Самиот Христос ја предводи таа заедница која се претворува во Негово Тело. Тогаш се отстрануваат сите прегради помеѓу историските случувања и вечноста. 

 
< Претходно   Следно >