Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Св. Иларион Мегленски - Штип
4.11.2011.

 

Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

На 03. 11. 2011 година, на денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот Иларион, епископ Мегленски, препод. Иларион Велики, беше одбележан и именденот и петгодишнината од Интронизацијата на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници на МПЦ – ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Пред Светата Литургија, секретарот на Брегалничката епархија протоѓаконот Димко Миланов честитајќи Му го именденот и педгодишниот јубилеј на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, од името на монаштвото, свештенството и вработените во администрацијата на Брегалничката епархија, во знак на грижата кон своите чеда Му подари архиерејски одежди и архиерејска митра. На крајот од Светата Литургија,  Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Митрополитите го благослови и пресече празничниот леб по што и одража пригоден говор честитајќи Му го именденот и педгодишниот јубилеј на Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Митрополитот Повардарски г. Агатангел по повод именденот и педгодишниот јубилеј од името на клирот и православниот народ во Повардарската епархија на Митрополитот г. Иларион Му подари мало архиерејско облекување. На крајот Надлежниот Митрополит г. Иларион од Свое лично име Му се заблагодари на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитите, монаштвото, свештенството и православниот верен народ за подршката и честа кон Него како Митрополит на древната Брегалничка епархија.

 

 
Следно >