Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна

Возљубени,

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 18. 04. 2024 година до 24. 04. 2024 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите.

Оваа година беше навистина плодна за нашата издавачка дејност, па така, на саемот, ќе претставиме дури ДВАНАЕСЕТ нови изданија, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Свети Јован Златоуст - Дела“ 1 и 2 том, „Средба со Бог - старец Ефрем Аризонски“, „Света Ксенија Петроградска“, „Монографија – Митрополит Агатангел“, „Свети Герасим Кефалониски“, „Историја на македонскиот народ“, како и реизданија на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосиф“, „Пат на небо“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 


Педесетница - Духовден
20.06.2016.
Sample Image
 
Sample Image Светата Педесетница - роденденот на светата Црква - денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, секоја година свечено се прославува во сите православни храмови насекаде по светот.

Света Божествена Литургија се служеше и низ сите храмови во Повардарската епархија, а централното чествување на првиот ден од Педесетницата се одржа во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија.

По причестувањето на дел од верниците Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.

Sample ImageНовозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците. Од ова тие се исполнуваат со Дух Свети и почнуваат да го благовестат Евангелието на разни јазици, онака како што Светиот Дух им даваше да изговараат. За разлика од мистиката на Успението на Пресвета Богородица, на пример, при доаѓањето на славата на Господ и другите одондестрани и чудесни појави кое им се открива како видение на некои од присутните, настаните на Педесетница стануваат очигледни за сите, не само за достојните. За да ги видат, на ерусалимјаните не им беше неопходен духовниот вид, иако на виденото не дадоа сите еднаков духовен одговор. Значи, зборувањето на сите јазици на кои луѓето од Ерусалим зборуваа (бидејќи во него живееја дојденци од разни краеви) едни го гледаа како прекрасно чудо, други како знак на пијанство. Петар вдахновено го објаснува настанот и ги упатува на пророштвата за овој настан до Избраниот народ дојдени преку Пророкот Јоил. Благовеста на Петар допре до срцата на многубројните луѓе што го чуја и тие го примија покајанието заради името на Исуса Христа. Во тој ден се крстија и присоединија кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја. За првпат по падот човекот ипостасно Го прима Светиот Дух и ја добива полната и реална можност да живее според благодатта.

 
Вознесение Христово
9.06.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image

На празникот на Светото Вознесение Христово, во храмот посветен на Христовото Вознесение во Велес беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата служеа протоереј-ставрофор Славе Јованов, протоереј Горан Панзов, свештеник Мики Миовски, свештеник Борислав Бобевски, свештеник Јованче Илиев,  протоѓаконот Влатко Стоименов, ѓаконот Бобан Ѓорѓиевски, како и свештеникот од американско-канадската епархија, протоереј Ангел Станчев. Традиционално, молитвено присуствуваа голем број верници од Велес. По завршувањето на Литургијата беше осветена вода и беа осветени и прекршени празничните колачи, а беше направена и панихида на гробот на Јордан Хаџи-Константинов – Џинот, кој се наоѓа во дворот на црквата.

Вознесение Христово

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.

А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево? И Он им одговори: Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата (Дела 1, 4 - 8). И веднаш, додека гледаа како се крева на небото, двајца мажи во бела облека, всушност ангели, благовестеа за Второто доаѓање на Христос на земјата. Наспроти упатството да не умуваат околу времињата на овие настани, кои се во Божја власт, во првите години па и векови по Вознесението, христијаните очекуваа самите да бидат очевидци на земјата на славната Парусија Господова.

 
Осветување на манастирски конак во Заум
7.06.2016.

 

Sample Image

 

На 05.06.2016 година, во Шестата недела по Пасха - Неделата на слепиот, и на празникот на преп. Михаил Синадски и преп. Ефросинија Полоцка, во манастирот „Пресвета Богородица“ - Захумска, во с. Трпејца, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Атанас Казанџиски, протоѓаконите Антонио Дујовски и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски.

 Повеќе информации на сајтот на Дебарско-кичевската епархија

 
Света Божествена Литургија во Охрид
7.06.2016.

 Sample Image

† 1000 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН ВЛАДИМИР

„Како ризница скапоцена и извор кој на земните им точи реки што ги очистуваат болестите, нам ни се даде твоето свештено тело, кое дава исцеление за различни болести, и божествена благодат на оние, кои доаѓаат кај него, за да извикаме: Радувај се, цару Владимире!“ (кондак на свети Јован Владимир).

  Свети Јован Владимир е еден од најзначајните словенски светии, чиј живот бил украсен со кротост и смиреност, иако самиот тој бил владетел, односно кнез на Дукља. Црковната историја го забележува како исповедник на православната вера, просветител, но и маченик. Житието зборува дека подигал цркви и манастири, праќал учители за Христовата наука меѓу својот народ, а и самиот тој живеел богоугодно и во молитва, секогаш подготвен да го жртвува својот живот, за да го спаси својот народ од маки и страдања. Токму затоа и неговиот култ бил длабоко распространет насекаде меѓу словенските народи, а особено на просторите на древната Охридска архиепископија.

Повеќе...
 
Конкурс за запишување на ученици во Богословијата
1.06.2016.

К О Н К У Р С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА РЕДОВНИ УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2016/17 ГОДИНА

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да завршиле основно училиште;

– да имаат основно познавање од Православието;

– да се телесно и душевно здрави;

– да не се постари од 18 години;

– да не се женети;

– да имаат одличен успех од 5-то до 8-мо одделение.

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од 5-то до 8-мо одделение.

Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.

Кандидатите кои нема да освојат минимум 60 бода, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.

Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот епархиски архиереј до Управата на Богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 16. 06. 2016  ( четврток ), со почеток во 9 часот.

Кандидатите треба да ги приложат следниве документи:

– свидетелство за свето крштение;

– свидетелства од 5-то до 8-мо одделение;

– благослов од надлежниот архиереј;

– уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за

свештенички чин;

– лекарска потврда;

– писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во

Богословијата и обврска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендијант.

За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на Богословијата, најдоцна на денот пред полагањето на приемниот испит.

Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија.

Упис на вонредни ученици не се одобрува.

 
Осветување на црква во Валандово
30.05.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image На 29 Мај 2016 година, (недела) во Неделата на Самарјанката, се изврши осветување на црквата при манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Валандово.  Чинот на осветување на црквата го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од гевгелиското и велешкото намесништво на Повардарската епархија. На чинот на осветувањето, присуствуваа градоначалникот на Општина Валандово, г-дин Николче Чурлиновски, претставници на градските институции, како и многу други верници, кои го проследија чинот на осветување во благопријатна молитвена атмосфера.

По чинот на осветување на црквата, Митрополитот Агатангел отслужи и прва Света Божествена Литургија, а во текот на оваа седмица, исто така, секој ден ќе се служи Света Божествена Литургија во новоосветениот храм.

Црквата се изгради со средства на Повардарската епархија, како и со донации на верниците од Валандовскиот крај. При чинот на осветување на црквата, Митрополитот Агатангел додели благодарници на домаќините во манастирот, г-дин Симјон Георгиев и г-ѓа Гроздена Георгиева за нивната љубов и грижа за благолепието на манастирот, како и на г-ца Мартина Колева за прекрасниот фрескоживопис во Црквата.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следна > Крај >>

Резултати 913 - 950 од 1506