Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Освет на камен-темелник на нова црква
23.04.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image На 22. 04. 2018 година, во Неделата посветена на Жените Мироносици, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на протоереј Борислав Бобевски, свештеник Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов. По Литургијата, Митрополитот Агатангел изврши осветување на камен-темелник на нова црква, посеветена на светите апостоли Петар и Павле, во велешката населба Превалец.

 
Православна светлина бр. 45
18.04.2018.

Sample ImageИзлезе од печат 45-от броја на „Православна светлина“. Во овој број, стандардно, како и досега, обработивме  теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.

Списанието е бесплатно и можете да го земете за време на претстојните Велигденски служби низ храмовите во Повардарската епархија.

 

 

 

Електронска верзија  на списанието (PDF) тука.

 
Томина недела
16.04.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image Во неделата посветена на Светиот апостол Тома, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од велешкото епархиско намесништво, а молитвено присуствуваа голем број на верници.

 
Источен петок - Балаклија
13.04.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image Балаклија, односно Источeн Петок е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитриј“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“.

И оваа како и сите години наназад, Велешани масовно ги посетија овие три христијански храмови. На овој ден, Митрополитот Повардарски Агатангел, во манастирот „Св. Димитрија“, во сослужение со свештенството од велешкото намесништво, во предвечерјето на празникот чиноначалствуваше со Вечерната Богослужба, а на самиот ден се отслужи Света Божествена Литургија.

 

 
Воскресение Христово
11.04.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image

Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ  во сабота спроти недела низ сите храмови ширум светот.

Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“!

Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.

Во продолжение на празникот беше отслужена Велигденска Воскресна Литургија, каде многубројни верни чеда чекаа до раните утрински часови да се соединат со Господ Исус Христос, примајќи ги Неговите Свети дарови.

Во неделата утрото, се отслужи Вечерна Богослужба со читање на Евангелието на десет разни јазици.

На вториот ден од Воскресението Христово (Светол Понеделник), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Златоустова литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од Кавадарци, а молитвено присуствуваа голем број на верници, кои се причестија со светите Христови дарови.

На третиот ден од Воскресението Христово (Светол Вторник), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Златоустова литургија во црквата „Св. Недела“ во Стојаково. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од гевгелиското намесништво, а молитвено присуствуваа голем број на верници, кои се причестија со светите Христови дарови.

 
Велика Сабота и Благовештение
7.04.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image Благата вест за зачнувањето на Спасителот, Господ Исус Христос во утробата на Пресветата Дева Марија,  на која великиот архангел Гавриил и се јави во архангелска светлина и и рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“, е пречекана со огромна радост во срцата на православните верници ширум светот.  Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. Годинава, радоста е уште поголема, бидејќи чествувањето на светото Благовештение е во очи на најголемото торжество, Воскресението Христово, па така голем е бројот на верници кои ги посетија православните храмови, присуствувајќи на Божествените Литургии по повод овој ден, за повторно и повторно да ја слушнат  благата вест. Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 685 - 722 од 1498