Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Чествување на патронот на МПЦ
6.12.2012.
Sample ImageПо повод прославата на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, утре со почеток во 18 часот, во епархискиот параклис посветен на Св. Климент во Велес ќе биде отслужена Вечерна Богослужба, а наредниот ден исто во епархискиот параклис со почеток во 08 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија.

 

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици - го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон. Имаше голем број ученици коишто ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше Св. Наум. Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година. Не се знае кога и каде е точно роден, нема податоци за семејството и потеклото, освен дека бил закопан на 27 јули 916 година во манастирот на Плаошник во Охрид, што тој сам го изградил и го посветил на св. Пантелејмон. Кога манастирот бил претворен во џамија, моштите му биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која оттогаш е нарекувана со неговото име. Моштите му се повторно вратени во август 2002 година по обновата и осветувањето на неговиот манастир.

 
Прес-конференција во Повардарската епархија
5.12.2012.
 
Sample Image   Sample Image
 
На 05. 12. 2012 година, во просториите на Повардарската епарахија се одржа прес-конференција на која беа пренесени впечатоците од прикажувањето на играно-документарниот филм „Пресвета Богородице, спаси не“ на престижниот филмски фестивал за филмови со религиозно-духовна и морална содржина „Радоњеж“ во Москва. На средбата со новинарите, режисерката на овој филм, а воедно и актер на ликот на Пресветата Мајка Богородица во филмот, Весна Димитровска, истакна два аспекти  како значајна димензија на прикажувањето на овој филм во Москва, пред се појавувањето на македонски филм со ваква тематика за прв пат на овој престижен фестивал, а потоа и остварените контакти со црковни великодостојници од Руската православна црква кои со симпатии го проследиле прикажувањето на овој филм. Секретарот на Повардарската епархија, ѓакон Влатко Стоименов истакна дека со прикажувањето на овој филм е остварена мисијата прдвидена и во самиот зачеток на создавањето на овој филм, а тоа е можноста на останатите православни народи да се уверат во постоењето и функционирањето на Македонската православна црква, како закрилничка на силниот православен дух на македонскиот народ. 
На годинешното издание на овој фестивал беа прикажани 200 филмови, пред се Русија, а потоа и од Грција, Украина, Белорусија итн.
 
 
Едиција „Библиски настани“ бр. 9
26.11.2012.
Sample Image

 

Излезе од печат деветиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов Роден за да биде цар , во кој е обработен расказот за Раѓањето на Господ Исус Христос.


Илустрираната едиција „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои ќе се печатат во тираж од 10.000 броја, а ќе излегуваат од печат во определен временски интервал. Вакво илустрирано библиско издание се печати за првпат во историјата на издаваштво на Македонската Православна Црква, а досега не се испечатени слични изданија ниту во останатите православни цркви на Балканот.

 
Осветување на црква во Скопје
26.11.2012.

 

Sample Image

 

На 25 ноември 2012 год., Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион го осветија новиот храм на св. пророк Илија во населбата „Јане Сандански“ во општина Аеродром, Скопје. По осветувањето се отслужи Архиерејска Литургија и се осветија просториите на новиот црковен комплекс.

Поопширно на сајтот на Скопската епархија

 
Светиот Архистратиг Михаил
22.11.2012.

 

Sample Image   Sample Image

 

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни , во црквата „Св. Архангел Михаил“ во селото Долни Дисан се отслужи Света Ахиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Кавадречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија.
На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се поклонија пред Светиот Архангел Михаил и молитвено го побараа неговото застапништво пред Бога.
На крајот на Литургијата верните се причестија со Светите Христови дарови.

 

Sample Image   Sample Image

 

За Небесната ерархија - Старец Клеопа - 1 дел

За Небесната ерархија - Старец Клеопа - 2 дел

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

 
Филмот „Пресвета Богородице, спаси не“ на фестивал
19.11.2012.

 

Sample Image

 

На 19. 11. 2012 година, во просториите на Повардарската епархија се одржа прес-конференција по повод прикажувањето на играно-документарниот филм „Пресвета Богородице, спаси не“ на престижниот филмски фестивал за филмови со религиозна и духовно-морална содржина „Радоњеж“ во Руската федерација. Овој фестивал се одржува со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил. На проекцијата на филмот, која ќе се одржи на 22. 11. 2012 година во Москва ќе присуствува режисерката на овој филм г-ца Весна Димитровска. Овој филм беше снимен во продукција на Повардарската епархија.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>

Резултати 1369 - 1406 од 1508