Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна
Sample Image      Sample Image
 
Sample Image      Sample Image
 


Свети Серафим Саровски
30.12.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога светата православна Црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски, свештенослужители од градот Велес отслужија Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. На Литургијата молитвено присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а меѓу присутните беше и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев.

 

 
Свети Гаврил Велички
30.12.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога нашата света Македонска црква го чествува споменот на светиот епископ Велички, Гаврил, свештенослужители од градот Велес отслужија Света Божествена Литургија во параклисот посветен на овој наш духовен горостас во градот Велес. Во параклисот беа изложени и мошти од светителот, на кои многумина верни се поклонија, просејќи благослов и застапништво од Лесновскиот чудотворец.

 

 
Божикна забава за лицата со церебрална парализа
30.12.2025.

 

Sample Image

 

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија и оваа година се организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Свештениците го благословија овој собир и на  сите кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им поделија пакетчиња. Оваа средба е традиционално Божикно дружење со овие лица и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

 

 
Рождество Христово - Божик
30.12.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на Рождеството на Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство на Повардарската епархија отслужи сеноќно бдение со Света Златоустова Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

Сеноќното бдение, во очи на големите Господови празници, е древна богослужбена и литургиска пракса во Светата Православна Црква. Тогаш целата Црква Христова бдее и останува будна цела ноќ, бидејќи во нејзината радост со нетрпение го очекува големиот празник во раните утрински часови, чија содржина е непосредно поврзана со Христос и Неговото спасоносно откровение, односно со нашиот духовен напредок и со нашето лично избавување.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи повторно да ја воспостави оваа древна богослужбена пракса во Повардарската епархија и навистина голем беше бројот на оние кои чекаа до раните утрински часови да ја чујат радосната вест за Рождеството на нашиот Спасител и да ги примат Неговите Свети Дарови. Меѓу присутните верници беа и Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев и пратеникот Игор Здравковски.

 
Бадник
30.12.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На Бадник, свештеници од градот Велес отслужија Света  Василиева Литургија  во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. По завршувањето на Литургијата, свештениците, заедно со Градоначалникот, г-дин Марко Колев, ги даруваа дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња, а потоа беа поделени и Бадниковите гранчиња. По ова, беше формирана традиционалната Бадникова Литија, на која дечињата громогласно и радосно го најавија Христовото раѓање и пренесоа топла празнична порака, пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот Велес.

Бадниковата поворка тргна од храмот „Св. Кирил и Методиј“ до Општина Велес, каде децата беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот г-дин Марко Колев.

 
Преподобен Наум, Охридски Чудотворец
30.12.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на Свети Наум, Охридскиот чудотворец, во параклисот посветен на овој светител во Велес, се отслужи Света Божествена Литургија, која ја отслужија свештеници од градот Велес, а на која молитвено присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Присутните верници молитвено му се поклонија на големиот семакедонски светител, а потоа се причестија со Светите Христови дарови.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1710