22.12.2010. |
    Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во рамките на соработката на Повардарската епархија и Дневниот центар за деца со специјални потреби од Велес, на ден 20. 12. 2010 година се одржа работилница на која дечињата цртаа и правеа форми од глина со новогодишни и Божикни мотиви. Оваа работилница ја подржа и Општина Велес, па така на работилницата присуствуваше и градоначалникот г-дин Горан Петров. Митрополитот Повардарски г. Агатангел во оваа прилика им подари на сите деца икони и упати молитви за нивно крепко здравје. Во организацијата на оваа работилница, која се одржа во црковно-народната кујна во Велес, учествуваше и невладината организација ЦИР Виготски од Велес. Оваа работилница е дел од соработката на Повардарската епархија и организациите од Велес кои работат за подобри услови за децата со посебни потреби, при која досега се имаат реализирано неколку вакви средби и неколку екскурзии на најпознатите македонски духовни светилишта, а е тенденција таа да продолжи и во иднина со уште повеќе вакви активности.
|